Проектот за регулирање на речното корито во Куманово е во завршна фаза. Реката ни по обилните дождови не се излева, нема повеќе поплавени куќи во ромските населби Средорек и Бавчи, а долж речното корито се повеќе особено во вечерните часови кумановци од сите возрасти го минуваат слободното време. На шеталиштето кое кумановци со гордост го покажуваат на гостите се зеленеат површините,засадените дрвја веќе ги зацвсртиле корените, поставени се клупи за краток одмор, изградени се спортски терени на кои младите, понекогаш и повозрасните спортуваат, локалитетот е осветлен со канделабри. Кумановци се среќаваат на шеталиштето, кое помалку асоцира на некогашното корзо на градските плоштади. Заложбите на локалната самоуправа Куманово да заличи на модерен европски град полека се реализираат. Во текот на август ќе биде пуштена во употреба:
„Монтажна барака за санитарни јазли, облекувална за тениските терени. Со овој локалитет ќе управува ЈП „Читота и зеленило“, а ќеима и пригоден угостителски објект за освежување со пијалаци и сладолед.“
Вели градоначалникот Зоран Дамјановски. Тој додава дека местото:
„Ќе биде прикладно за спорт и рекреација и шетање и поминување слободно време на граѓаните на Куманово.“
Поголемиот дел кумановци го поздравуваат овој проект, меѓутоа има и други кои од веројатно само на нив познати причини уништуваат од имотот.
„Нема култура!“
Велат кумановци.
За справување со вандализмот Дамјановски вели:
„Локалната самоуправа е решена да се справи со сите дејства. Затоа ќе биде засилена стражарската служба со уште двајца стражари и локалитетот ќе биде покриен 24 часа.“
И додека шеталиштето од едната страна изгледа убаво,од другата страна на брегот на реката не е кренато ниту едно камче. Кумановци кои живеат во бавчите на локалитетот Митев мост велат дека тоа им наликува како на маж со половина избричена,а другата половина не избричена брада. Тие сметаат и дека речното корито било исчистено, но не соодветно се одржува. Локалната самоуправа планира овој дел да го урбанизира и веројатно кога во овој дел ќе никне станбена населба ќе биде „избричена“ и другата страна од брадата.
„Монтажна барака за санитарни јазли, облекувална за тениските терени. Со овој локалитет ќе управува ЈП „Читота и зеленило“, а ќе
Ќе биде прикладно за спорт и рекреација и шетање и поминување слободно време на граѓаните на Куманово