Писмата на битолските конзули од минатиот век се сведоштва за притисоците што балканските држави ги вршеле врз македонскиот народ за негово национално преобрајќање. Ова се заклучува од извештаите што странските диломати ги испраќале до нивните матични Министерства за надворешни работи. Извадоци од нив неодамна презентираше Тодор Чепреганов, директор на македонскиот Институт за национална историја во вид на реферат на научниот собир за конзулска Битола. Опсервирајќи ги извештаите на италијанскиот, рускиот и британскиот конзул, историчарот забележал голем галиматијас во однос на тоа како се толкувала припадноста на македонскиот народ. Во писмата стои дека во Битолскиот вилает кон крајот на 19 и почетокот на 20 век живеело автохтоно словенско население кое било изложено на силни пропаганди од соседните држави до таа мера што било тешко да се направи точна статистика за етничкиот карактер на населението.
„Италијанскиот конзул, грофот де Бизар во 1905 година реагира на иницијативата за правење на попис во Битолскиот вилает бидејќи сметал дека не постојат услови да се направи било каков попис кој би ја покажал реалната слика. Тој смета дека бандите вршат постојано насилство врз населението, се со една цел, само да ги принудат жителите да се изјаснат како патријаршисти или егзархисти, Срби, Бугари или Грци.“
вели Чепреганов.
Во извештаите на британскиот конзул Бернард Гири децидно стои:
„Македонија е населена со автохтон народ од словенско потекло, кој е грцизиран, бугаризиран и србизиран од разни видови пропаганда религиозна или политичка. Селата преку ноќ за 10 фунти беа преобрајќани во Бугари, од Бугари во Срби, одСрби во Грци, од Грци во Бугари. Заклучува-фер и слободен попис би требало да се направи на Македонците, во кој тие би се изјасниле дали сакаат да бидат Бугари, Срби или Грци.“
цитира Чепреганов.
Конзулските писма покажуваат дека наспроти силно изразените пропаганди, почнува да се биди националната свест кај македонскиот народ.
„Рускиот конзул Каљ, во својот извештај од 1908 година, ќе истакне дека по Младотурската револуција во Битола слегле четите кои носеле знаме со ликот на Даме Груев. Тој им се обратил сакајќи да дознае кои се кои се. И тој вели, „јас се обратив до началникот на битолскиот округ Милан Матов.Тој ми соопшти дека ова го сториле, што се симнале од планината, 170 четници, 20 околиски војводи и 50 души од народната милиција. На прашањето сите ли се тие Бугари, тој одговорил меѓу нас нема Бугари, сите ние сме Македонци.“
додава историчарот.
Чепреганов на крај заклучува дека и поркај непостоењето на држава и институции на системот кој би ја бранеле националноста, идентитетот и припадноста не можеле да се уништат.
Италијанскиот конзул, грофот де Бизар во 1905 година реагира на иницијативата за правење на попис во Битолскиот вилает бидејќи сметал дека не постојат услови да се направи било каков попис кој би ја покажал реалната слика
„Италијанскиот конзул, грофот де Бизар во 1905 година реагира на иницијативата за правење на попис во Битолскиот вилает бидејќи сметал дека не постојат услови да се направи било каков попис кој би ја покажал реалната слика. Тој смета дека бандите вршат постојано насилство врз населението, се со една цел, само да ги принудат жителите да се изјаснат како патријаршисти или егзархисти, Срби, Бугари или Грци.“
вели Чепреганов.
Во извештаите на британскиот конзул Бернард Гири децидно стои:
„Македонија е населена со автохтон народ од словенско потекло, кој е грцизиран, бугаризиран и србизиран од разни видови пропаганда религиозна или политичка. Селата преку ноќ за 10 фунти беа преобрајќани во Бугари, од Бугари во Срби, од
Македонија е населена со автохтон народ од словенско потекло, кој е грцизиран, бугаризиран и србизиран од разни видови пропаганда религиозна или политичка