Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори во Молдавија


Претседателот на Молдавија Воронин
Претседателот на Молдавија Воронин

По изборите, во април, дојде до демонстрации на опозицијата која ја обвини владејачката Комунистичка партија за фалсификување на резултатите.

Молдавците избираат меѓу комунистите кои заговараат стратегиско партнерство со Русија и опозиционите партии кои се за поблиски врски со Западот. Комунистичкиот претседател во заминување Владимир Воронин ги закажа изборите во минатиот месец откако парламентот на два пати не успеа да го изгласа неговиот наследник на таа функција. По победата на комунистите на парламентарните избори што се одржаа на петти април, опозицијата ги обвини властите за изборен фалсификат. Никој во Молдавија не беше подготвен за она што следеше. Демонстрантите насилно влегоа во зградата на парламентот и во кабинетот на шефот на државата. Полицијата уапси стотици луѓе, а имаше и наводи дека имало и убиства. Тодор Казаку, градоначалник на Карабетовица кој е член на опозициониот Наш сојуз за Молдавија вели:

,,Пред малку бев повикан во канцеларијата на обвинителот на сослушување. Ете како тие не третираат. Тие не сакаат демокартски дијалог.,,

И Анатол Завалиска, независен градоначалник на Солобозиа со обвинување до власта дека им наредила на бизнисмените да им се заканат на вработените.

,,Луѓето се уплашени да работат за опозицијата. Им е кажано дека ќе бидат отпуштени ако не гласаат за комунистите.,,
Претседателот на Молдавија во заминување Владимир Воронин во минатата недела ги предупреди молдавците дека постоењето на земјата зависи од тоа дали на изборите ќе победи неговата партија или не ...


Вели Завалиска, додавајќи дека властите ја обвинуваат опозицијата дека сакала да ја обедини Молдавија со Романија. Поголемиот дел на земјата пред Втората светска војна беше дел од Романија и двете земји имаат силни културни и јазични врски. Во април претседателот Воронин го обвини официјален Букурешт за поттикнување на демонстрациите, а во минатата недела ги предупреди молдавците дека постоењето на земјата зависи од тоа дали на изборите ќе победи неговата партија. Претходно, романскиот претседател Трајан Басеску ги налути властите во Кишињев со тоа што јавно ја поддржа опозицијата во Молдавија.

,,Она што можам со сигурност да кажам е дека вакави работи имаме видено и порано. Пред дваесет години диктаторот Чаушеску не ги разбра барањата на сопствениот народ, посебно на младите.,,

Изјави Басеску. Протестите во април ја покажаа поделеноста меѓу генерациите во Молдавија. Воронин е популарен главно меѓу постарата популација. Помладите пак ја обвинуваат неговата партија дека сака да ја држи Молдавија во советското минато, а не да и понуди проевропска иднина. Повеќето молдавци веруваат дека изборните резултати ќе зависат од тоа колку далеку се подготвени да одат комунистите во чувањето на нивната власт.

,,Голем проблем не е толку денот на гласањето како што е нефер кампањата. Комунистите ги контролираат медиумите.,,

Вели Игор Ботан од Сојузот за демократија. Ден пред изборите, на делегација независни посматрачи од Европската мрежа за следење на изборите им беше забранет влез во Молдавија. Сепак, изборите ќе ги набљудуваат 200 посматрачи на ОБСЕ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG