Подводниот свет на Охридското Езеро преку ексклузивни до сега необјавени снимки, во август ќе се најде на ДВД материјал кој ќе им биде достапен на сите кои се заинтересирани да видат што кријат длабочините на ова милениумски старо езеро, познато како ретка природна убавина и туристичка атракција. ДВД-то изминативе 10 години го подготвуваше нуркачкиот центар Амфора во Охрид, под водство на познатиот нуркач Милутин Секулоски-Мичо, кој речиси три децении како пасиониран професионален нуркач и ентузијаст е синоним за овој привлечен спорт.
,,Ова е прв подводен снимен материјал, кој ќе биде достапен на пошироката јавност.Станува збор за една приказна која почнува кај изворите Свети Наум, а завршува на истекот на Дрим кај Струга. Опфатени се Светинаумските извори, животната заедница, богатата флора и фауна во изворите, за прв пат има екслузивни ноќни снимки кај локалитетот Велидаб од мрестот на Охридската пастрмка, потоа подводниот археолошки локалитет кај Градиште,каде е опфатен делот на подводните археолошки истражувања и предметите кои и денес се под вода, снимени се слатководните ракови,кои повеќе години се намалуваше, а сега се обновува и колониите на ракчиња ги има на повеќе места во Охридското Езеро, снимени се јагули, водни желки, потонатите бродчиња кај Струга кои се потопени за време на Првата Светска Војна и приказната завршува на истекот на Дрим,”
објаснува Секуловски кој вели дека во Охридското Езеро,што тој го нарекува слатководно море доста атрактивни се ендемичните живи видови како Охридскиот тркалезен сунѓер сместен на повеќе од 35 метри длабочина, неколкуте подводни праисториски населби и рибите во карпестите делови од Градиште кон Трпјеца. Македонците и странските туристи се повеќе се интересираат за нуркањето и подводниот свет на Охридското Езеро, за што тие можат да се обучуваат и да полагаат за меѓународно признати сертификати во нуркачкиот центар кај Музејот на вода во заливот на коските во Градиште,каде за 20-тина евра со изнајмена опрема и професионална придружба во ова задоволство ќе уживате еден час.
,,Може да прошетате под вода и како дискавери програма,само еднаш да пробате под вода. Секоја година има се поголем интерес. За прв пат се случува многу луѓе од странство на време договараат термини за нуркање и нив ги има се повеќе. Морам да спомнам дека ние сме комплетни во целата услуга што ја нудиме.Имаме софистицирана опрема со 30-тина комплети, доктор за подводна хипербарична медицина, имаме хипербарична комора во Охрид за безбедност на нуркачите.Имаме пет меѓународни инструктори кои работат во центарот. Значи сме комплетни во секој поглед.”
вели Секуловски, кој смета дека заедно со природните убавини и културно-историските вредности над земја,посебен атрибут во туристичката понуда на Охрид може да биде нуркачкиот туризам, за што според него тука има одлични услови, но треба да се привлекуваат странците со авио летови до Охрид, каде овој атрактивен и релаксирачки спорт може да се практикува преку целата година.