Достапни линкови

Македонија без закон за дискриминација


Собрание на Република Македонија
Собрание на Република Македонија

Бројни случаи на дискриминација во Македонија, некои од нив и документирани. Закон за дискриминација сеуште нема. Надлежните велат, сакаат да внесат што повеќе европски норми во предлог законот

Шефот и вели на нововработената млада и кавлификувана девојка, - сега се омажи но ако сакаш да ја задржиш работата не смееш да забремениш во наредните три години. Момчево не смее да влезе во ова кафиле затоа што е хомосексуалец. Вие сте роми не смеете да се
Ние сме во тек со членовите на ЕК, и со членовите на поткомитетот. Информирани се за работите околу содржината на законот, значи нема никаков проблем. Проблемот е што ние сакаме да инкорпорираме што повеќе одредби и законот ќе биде донесен од страна на владата
бањате во овој базен, ќе ни ја загадите водата. Ова, велат активистите за човекови права, се само дел од примери за дискриминација на луѓе. На македонските граѓани им е потребна заштита од дискриминација со закон, велат тие. Донесувањето на законот за заштита од дискриминација е еден од условите за влез во Европската Унија. Овој закон повеќе од една година се подготвува:

„Ние сме во тек со членовите на ЕК, и со членовите на поткомитетот. Информирани се за работите околу содржината на законот, значи нема никаков проблем. Проблемот е што ние сакаме да инкорпорираме што повеќе одредби и законот ќе биде донесен од страна на владата,“

вели Државниот советник за еднаквио можности, Елена Гроздановска

Експертите по право и човекови права сметаат дека предлог законот што е сеуште во изработка е лош и штетен за граѓаните.Дупката во законот ја лоцираат во нејасно дефинираните видови на дискриминација, Според Законот дискриминирани луѓе можат да бидат само во јавната администрација.

„Што значи, дека не обезбедува заштита од дискриминација надвор од државни органи. Тоа е посебен проблем, затоа што имавме неколку документирани случаи на хомофобија во кафе барови,“

вели Славчо Димитров од невладината масоо

Правните експертите препорачуваат да се дефинирааат видовите на дискриминација, да се избегнат можностите на фирмите и луѓето да го злоупотребат. Професорот Љубомир Фрчковски вели дека со ваков предлог закон и државата ќе може да го злоупотребува.

Овој закон треба да биде донесен до затворањето на европскиот извештај нза напредок на Македонија. Од министетството за труд и социјалана политика највуваат уште една јавна дебата за содржнините на законот и негово конечно усвојување на крајот на Септември.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG