Достапни линкови

Пет точки на американската надворешна политика


Обраќање на Секретарот Клинтон пред Советот за Надворешни Односи
Обраќање на Секретарот Клинтон пред Советот за Надворешни Односи
Американскиот државен секретар Хилари Клинтоин денеска заминува за Индија каде ќе учествува на Конференцијата на Асоцијацијата на Југо-источните азиски држави позната како АСЕАН. Како и претходно таа зборуваше за плановите и стратегијата на таканаречената умна сила како комбинација на одбрана, дипломација и развој, преточено во следниве 5 точки.

,,Прво, имаме намера да ги надградиме можностите за соработка со нашите партнери.
Второ, ке ги ангажираме и притискаме оние кои не се согласуваат со нас.
Трето, ке покренуваме развој како основа на американската сила. Четврто, ке ги интегрираме цивилните и воените акции во конфликтните подрачја.
Петто, ке ги користиме изворите на американската моќ , вклучително нашата економска сила и силата на нашиот пример во светот,,.

Голем дел од говорот на американскиот државен секретар Хилари Клинтон пред Советот за Надворешни односи во Вашингтон беше фокусиран на темите демократија, правда човекови права и слободи, подршка на демократските влади. Хилари Клинтон ја искористи можноста да го предупреди Иран дека понудата на администрацијата на Барак Обама за преговори не е отворена до бесконечност и дека Исламската Република треба да дејствува веднаш. Клинтон сигнализара дека Претседателот Обама верува дека преговорите би дале резултат кога санкциите не дадоа резулатат. Она што влијаеше врз намаленото трпение на Вашингтон се насилното кршење на демократските протести по претседателските избори во Иран. Но таа ја обнови понудата за преговори велејки дека седењето настрана не дава резултати во намерата да се натера Иран да ја напушти контроверзната нуклеарна програма, да ја напушти подршката на терористите и да ги подобри човековите права во земјата.

,,Ниту Претседателот, ниту пак јас имаме илузии дека дијалогот со Исламската Република гарантира успех. Но ја разбираме и важноста на лидерите на Иран да им дадеме јасен избор да бидат одговорен дел од Меѓународната заедница или да продолжат да влегуваат во длабока изолација. Во директни разговори тоа најдобро може да им го објасниме,,.

Иран засега нема одговорено, а министерот за надворешни работи Манучеир Мотаки неодамна објави дека Техеран готви нов пакет на политички, безбедносни и меѓународни прашања кој ќе му го понуди на Западот, но не даде детали.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG