Достапни линкови

Општина Дебар ќе привлекува инвестиции од иселениците


Локалната самоуправа во Дебар подготви стратегија за привлекување на инвестиции од иселениците. Голем број Дебарчани кои во текот на 90-тите години се иселија од градот, сега живеат во Соединетите Држави и други земји во Европа.

Силната миграција на населението што го зафати Дебар и околината пред неколку децении продолжува и денеска. Над 90 отсто од оние кои се иселија денеска живеат во САД додека другиот дел во неколку западно Европски земји. Локалната самоуправа во Дебар особено внимание посветува на контактите со иселениците , кои даваат голема финаииска подршка на своите блиски во родниот крај.

,,Според информациите на општина Дебар во САД во околината на Њујорк, Њу Џерси и Стејт Исланд живеат околу 15 илјади
Според информациите на општина Дебар во САД во околината на Њујорк, Њу Џерси и Стејт Исланд живеат околу 15 илјади дебарчани
дебарчани. Станува збор за три генерации. Првата генерација на иселеници е замината од политички причини , втората генерација замина од 1981 до 1995 од економски причини но иселувањето продолжува и преку добивање на лотарии за САД продлжува секоја година, така што може да се рече дека во повеќе градови на САД има околу 20 илјади дебарчани,,

Вели градоначаланикот на Дебар Аргетим Фида. Тој подвлекува дека се одржуваат редовни контакти со иселениците .

,,Секоја година во текот на летото се одржува манифестацијата денови на културата и спортски натпревари, а иселениците кои доаѓаат во текот на летото кога доаѓаат со своите семејства поминат добро во родниот крај. Ние го потикнавме И нивното купување на станови во Дебар за да бидат поблиску до родниот крај."

Истакнува градоначалникот на Дебар Аргетим Фида. Тој подвлекува дека локалната власт има своја стратегија за привлекување на инвестиции од иселениците .
Јас имам именувано еден советник во САД, и наскоро ќе именувам уште еден советник токму во САД. Исто така ќе именувам и советници од некои западно европски земји каде имаме иселеници, и очекувам позитивни ефекти

,,Ние со генералниот и деталниот урбанистички план направивме неколку економски зони. Повторното добивање на користење на локацијата на бившата касарна е прекроена во зона за економски развој, а со ДУТ ќе ја парцијализираме на 10 до 15 објекти за лесна, средна индуистрија но и тргтовија, која ќе биде понуда за иселениците . веруавме дека овде позитивно ќе влијае и влезон на Македонија во НАТО И ЕУ, со што иселениците ќе бидат посигурни и во Инвенстициите."

Меѓу своите советници, градоначал;аникот има одредено и советник за лобирање за инвестиции и од иселениците во САД што се очекува да даде позитивни ефекти.

,,Јас имам именувано еден советник во САД, а тоа е претседателот на здружението на иелениците ,,Вотра Дибране ,, Ибраим Колари и наскоро ќе именувам уште еден советник токму во САД. Исто така ќе именувам и советници од некои западно европски земји каде имаме иселеници, и очекувам позитивни ефекти,,

нагласува Фида.
Изминатите 18 години инвестициите на иселениците во Дебар и околината се минимални. Како главни причини според преставниците на здруженијата на иселениците се наведуваат проблемите со безбедностната состојба и гаранцијата на нивниот цапитал. Локалната стратегија за инвестирање на иселениците која доби подршка и од Советот на општината се оценува дека позитивно ќе влијае во зголемувањето на инверстициите на иселениците во новниот роден крај.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG