Едип е мултимедијален проект работен според драмата Цар Едип на Софокле, кој во себе ги обединува видеото, звукот во драматуршка смисла, музиката и нејзината ритмика, како и живата актерска реч. Како драматург и режисер го потпишува Златко Славенски, кој во последниве неколку години донесе самосвојна естетика бележејќи ги во сотвеното творечко портфолио проектите како Супернова, Соларис, Војаџер...Овој театарски,телевизиски и филмски режисер, на различни сцени во земјава ги постави и Папокот на светот, Собрани дела на Вилијам Шекспир, Пер Гинт, Будење на пролетта, Казабалкан, Амадеус...а Розенкранц и Гилденстерн се мртви, во 1995 година, ја доби наградата Најдобра претстава во целина на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп.
Во фокусот на претставата Едип ( по ново Ојдипод) е трагањето по вистината. Многу претстави, и воопшто уметнички дела, се бавеле со оваа проблематика , но никогаш на таков можен начин како што тоа го прави приказната за Едип. Во центарот на збиднувањата е човекот кој не сакајќи греши и со самото тоа е поблизок до обичниот човек – но во исто време е и трагичен јунак од посебен формат.
,,Вистината која што е нешто не конкурентно во денешно време, не е популарна или неможе многу да се тргува на пазарот, е според мене нешто што мора да биде вратено на онаа скала на вредности која што човекот уште од дамнешно време ја изградил."
истакнува Славенски. Едип во овој проект го игра Ѓорѓи Јолевски, кој само во последниве неколку месеци зад себе ги има улогите во Александар и Свето срце на Љубиша Георгиевски, а за сопствениот проект Електроенцефалограм доби специјална награда на Интернационалниот биенален фестивал на монодрама Монокл што се одржа во мај годинава во Санкт Петерсбург, во Русија. За својата нова актерска креација тој ќе забележи:
,,Актерот ги користи своите средства на изразување, како што се емоцијата, зборот, телото, мислата, суштината на човековото битисување, но исто така ги имаме другите медиуми, судбината, трагизмот на Ојдипод го има кај секого од нас, како чувство и емоција."
Видео и аудио обработката и реализацијата се на Милчо Узунов од 3-Д Проект студио, а за користењето на технологијата во неговото авторско писмо Славенски со дополна:
,,Прераскажувањето на приказна е богато со визуелизација, од една страна, меѓутоа тоа сега е многу повеќе прикажано преку живата актерска реч."