Осоколени од минатогодишните позитивни реакции на публиката и со искуство што може да го изнедри организирањето на еден ваков голем проект, Македонската филхармонија и Културно информативниот центар од Скопје наново го преизвикуваат вниманието на главноградските љубители на уметноста. Со заеднички сили тие и овојпат ја потпишуваат манифестацијата Види музика, слушни слика, добиј книга на која во оваа пригода со нашиот национален симфониски оркестар на отворената сцена на плоштадот Македонија ќе диригира маестро Доријан Вилсон од Сад, инаку еден од учениците на славниот Леонард Бернштајн. Ќе бидат изведени популарни дела, а со особено внимание се очекуваат настапите на сопранистката Ана Дурловски и тенорот Благој Нацовски кои ќе исполнат неколку популарни арии од Пучини, Дворжак, Бернштајн, ќе биде изведена и увертирата Крадливата страчка од Росини, како и џез-суитата од Дјук Елингтон.
,,Се договоривме да бидат арии и дуети кои што се блиски до секој слушател што ќе се најде во моментот не планирано на тоа место и ќе можеме можеби да му го свртиме вниманието кон нашиот проект."
истакнува оперската дива Ана Дурловски. Со слично размислување е и нејзиниот колега Нацовски, кој по бројните настапи на светските оперски сцени неодамна во чест на значајниот јубилеј 250 години од смртта на композиторот Фридрих Хендл имаше концерт со Македонската филхармонија во Домот на АРМ.
,,Некој што навистина не слушнал класична музика, јас се надевам дека кога ќе помине случајно на Плоштадот ќе слушне и се надевам ќе ја засака оваа уметност."
вели Нацовски. Ако минатата година, пак, сликарот Мирослав Масин беше единствениот учесник во ликовниот дел од перформансот,овојпат програмата е збогатена со присуството на уметниците Нехат Бекири и Симонида Филипова Китановска.
,,Не е важно каде сликаш, кога сликаш, туку доколку имаш некои идеи, некое чувство, може без разлика каде и да си да излезе нешто добро."
забележува Бекири. Од своја страна, пак, Китановска за проектот и процесот на настанување на едно дело пред публиката знае да каже:
,,Ќе сликам платно, десет метра на три, што е поголемо од моето атеље, нема да слушам радио додека сликам, туку зад мене ќе биде цела филхармонија."
Кон ова само уште информациите дека во пресрет на почетокот на перформансот на публиката ќе и бидат поделени 20.000 примероци од книгата Новела за сонот од Артур Шницлер, делото по кое режисерот Стенли Кјубрик во 1999 година го сними филмот Очи широко затворени, а интересно е и тоа што ова е последниот концерт на Македонската филхармонија за сезоната 2008 - 2009.
Некој што навистина не слушнал класична музика, јас се надевам дека кога ќе помине случајно на Плоштадот ќе слушне и се надевам ќе ја засака
,,Се договоривме да бидат арии и дуети кои што се блиски до секој слушател што ќе се најде во моментот не планирано на тоа место и ќе можеме можеби да му го свртиме вниманието кон нашиот проект."
истакнува оперската дива Ана Дурловски. Со слично размислување е и нејзиниот колега Нацовски, кој по бројните настапи на светските оперски сцени неодамна во чест на значајниот јубилеј 250 години од смртта на композиторот Фридрих Хендл имаше концерт со Македонската филхармонија во Домот на АРМ.
,,Некој што навистина не слушнал класична музика, јас се надевам дека кога ќе помине случајно на Плоштадот ќе слушне и се надевам ќе ја засака оваа уметност."
вели Нацовски. Ако минатата година, пак, сликарот Мирослав Масин беше единствениот учесник во ликовниот дел од перформансот,
Не е важно каде сликаш, кога сликаш, туку доколку имаш некои идеи, некое чувство, може без разлика каде и да си да излезе нешто добро