Достапни линкови

Трансакциска сметка задолжителна за пензионерите


Пензионери
Пензионери

Фондот за пензиското ги опоменува пензионерите да извадат трансакциски сметки до крајот на овој месец, оти во спротивно нема да можат да ја добиваат пензијата за наредните месеци.

Иако поголемиот број од кумановските пензионери веќе половина година пензиите ги добиваат преку трансакциската сметка во банка, дел од нив преферираат пензијата да им ја носи поштарот на домашна адреса. Долгите редици во банките кога се исплаќа пензијата се
Имаме извадено транскациска сметка и редовно ја примаме пензијата во банка,уште од пред новата година.Јас бев на тековна сметка и веднаш се префрлив на трансакциска. И јас и сопругот.“
дополнително оптоварување за нивното нарушено здравје и изнемоштеност. Виталните пензионери велат дека за нив тоа не е проблем, оти имаат доволно слободно време и за шетање и за чекање ред во банките.

„Имаме извадено транскациска сметка и редовно ја примаме пензијата во банка,уште од пред новата година.Јас бев на тековна сметка и веднаш се префрлив на трансакциска. И јас и сопругот.“

вели пензионерка. Другиот пензионер пак додава:

„Знам само да одам и да барам пари кога ќе ми дадат.“

Меѓутоа пензионерите сметаат дека за некои во иднина одењето в банка може да биде проблем.

„Кога ќе остарам и ќе направам 90 години каде ќе одам. Добро е кога ми ја носеа дома.“

И покрај тоа што извадиле трансакциска смета болните пезнионери и натаму ја добиваат дома нивната пензија.

„Поштар ми ја донесува дома,бидејќи сум со нарушено здравје. Картичка имам,ама во договорот потпишав дома да ми ја донесуваат.“

Оние што немаат трансакциска сметка велат дека не можат да прифатат да одат в банка. За нив најдобро е поштарот да им ја носи дома.

„Немам извадено.Од пошта примам.“
„Какви пензии ние имаме! По 7.200 денари. Имам картичка за во банка. Јас сум стар и не можам да чекам ред.“

Фондот за пензиското ги опоменува пензионерите да извадат трансакциски сметки до крајот на овој месец, оти во спротивно нема да можат да ја добиваат пензијата за наредните месеци. На пензионерите им останува да ги искористат можните солуции наведени во договорите, кои пак им овозможуваат и алтернатива освен сами да одат во банка, поштарот да им го донесува пензискиот надоместок дома.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG