Достапни линкови

65 години од Денот Д


Барак Обама Дрезден 05.06.09
Барак Обама Дрезден 05.06.09
Американскиот Претседател Барак Обама денеска во Франција учестува на церемиониите по повод 65 годишнината од Денот Д, кога сојзничките сили се истоварија во Нормандија. На цермонијата се и лидерите на Франција, Никола Саркози на Канада премиерот Стивен Харпер како и британскиот принц Чарлс и премиерот Гордон Браун. Жителите на Нормандија на улиците ги извадија знамињата на Соединетите Држави и Франција. Еден од нив Сивиујан беше и на инаугуарацијата на Обама во Вашингтон.

,,За мене ова е голема шанса повторно да го видам американскиот претседател и никогаш не помислив дека ке дојде во мојот роден град,,.
Американскиот Претседател во Бухенвалд

Илјадници ветерани се на улиците а меѓу нив и пра вујкото на Барак Обама, Чарли Пајен, кој учествуваше во ослободувањето на концентрациониот логор во Бухенвалд во Германија. Сојузниците на Денот Д и кампањата во Нормандија претрпеа загуби од 215 илјади војници. По оваа инвазија започна повлекувањето на нацистичките трупи од Западна Европа а една година подоцна заврши Втората Светска Војна. Ова е последна станица на американскиот претседател Барак Обама кој деновиве ги посети Блискиот Исток и Германија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG