Достапни линкови

Отворени прашања со соседите


Зградата на Владата на Република Македонија
Зградата на Владата на Република Македонија
Какви се односите меѓу Македонија и државите во регионот, на Балканот. Повод за ова прашање е билатералниот спор на Македонија со Грција поврзан со името, без чие решавање Македонија нема друг начин да си отвори пат кон европските и евроатланските интеграции. Ова е предмет на едногласност и на Меѓународната заедница која од двете страни бара решавање на спорот. Во однос со Бугарија
Вие на пример, имате во однос на Бугарија еден граничен премин кој што е направен, а не е отворен, сообраќајната поврзаност е минимална, имате слични проблеми и со Србија, каде што има потреба за поврзување на населението со гранични премини, меѓутоа не се прават, од позитивни или субјективни фактори. Имате исти проблеми и со Грција, постои премин кој што се прави, но не доврешен.
доволно е да се спомене дека опстојува проблемот на непризнавањето на македонскиот јазик. Според
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Србија Антонио Милошоски и Вук Јеремиќ
политикологот Жидас Даскаловски може отворено да се зборува дека постојат отворени прашања кои се оптоварени од историјата и истите се поврзани со прашањето за името, јазикот, нацијата. Но, заостанувања има и во рамки на прагматичното, односно и остварените резултати во соработката во економијата и инфраструктурата, не се на ниво со кое може особено да се пофалиме како први соседи.

,,Вие на пример, имате во однос на Бугарија еден граничен премин кој што е направен, а не е отворен, сообраќајната поврзаност е минимална, имате слични проблеми и со Србија, каде што има потреба за поврзување на населението со гранични премини, меѓутоа не се прават, од позитивни или субјективни фактори. Имате исти проблеми и со Грција, постои премин кој што се прави, но не доврешен. Значи и во рамките на прагматичното, односите со соседите не се сјајни, но тоа е резултат на соседските притисоци кон Македонија, но и на македонскиот проблем да се сведе дискусијата на поголемите прашања, како знамето, историјата итн, наместо ,,да се турка" дискусијата на некои помали теми како економијата, посебно на локално ниво."

Политичките релации се битни за добри економски односи. Ако целата дискусија се сведува на големите теми, како што се името и јазикот, прашање е дали може во такви услови да се туркаат условно кажано помалите теми кои се битни за економијата, особено на локално ниво. Според Даскаловски и покрај нерешените суштински прашања може да се влијае врз отворање пат за создавање поголеми шанси во унапредување на економските, транспортните и инфраструктурните проекти.

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов и албанскиот претседател Бамир Топи
,,Тие односи зависи од самата влада како ќе се развиваат, подобро е да имаме прагматична влада која што ќе има агенда да се бави со економија, наместо со историја, и такви обременети прашања кои што ние неможеме лесно да ги решиме со соседите, бидејќи таа агедна е сврзана со нивниот мит, за развој на нивната нација. Значи потребна е прагматична влада која што ќе развива локални проекти, економски проекти, транспортни, инфраструктурни проекти, гранични премини итн."

Според некои аналитичари наивно е да се верува дека може попродлабочено да се соработува без паралелно решавање на големите
Тие односи зависи од самата влада како ќе се развиваат, подобро е да имаме прагматична влада која што ќе има агенда да се бави со економија, наместо со историја, и такви обременети прашања кои што ние неможеме лесно да ги решиме со соседите, бидејќи таа агедна е сврзана со нивниот мит, за развој на нивната нација.
прашања, и тие не може да се стават на страна. Паралелно со развојот на добрососедските односи треба да работиме на расчистување на отврените прашањата, но за тоа треба да постои добра воља, вели Јован Донев од институтот Евро Балкан:

,,Неможете вие да ги ставите прашањата за идентитетот на втор план, тоа се наивни верувања. Едноставно соработката треба да продолжи, но паралелно со соработката треба да се решаваат и тие прашања. Прашањето е пред се на добра воља да ги елеминираме сите отворени прашања што ги имаме со сите соседи, за да го направиме тоа добра воља треба да покажат двете страни, ако двете страни не покажуваат добра воља, во тој случај ќе имаме одложување на прашања. Тоа не значи дека ќе ги влошуваме односите, напротив ќе ги подобруваме колку што можеме, но времето не решава ништо."

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев и македонскиот премиер Никола Груевски
Како најсложен се смета билатералниот спор со Грција за името што таа земја го искористи како пречка за нашиот влез во НАТО на Самитот во Букурешт. Политичарите продолжуваат да зборуваат за новиот дух во соработка зошто пред нас се Европската Унија и НАТО, што се заедничка цел на балканските држави. Грција останува на позицијата дека решението за спорот е сложено име со географска одредница што би се употребувало од сите. Премиерот Груевски изјави дека Македонија прави се што е во нејзина моќ да најде решение за името, што нема да биде на штета на државните и националните интереси, а за кои последниот збор ќе го каже народот на референдум. Дел од домашните експертите се сомневаат дали и актуелната влада има воља да го реши прашањето и имаат различни ставови околу организирање референдум за евентуалниот компромис за името. Дали проблмот со името е посложен отколку што изгледа. Грција декларира дека високо го цени принципот на добрососедски односи кон Македонија, но ја продолжува и пропагандата. Пред неколку месеци група професори од Грција испратија писмо до американскиот претседател Барак Обама со барање за преиспитување на американските позиции околу признавањето на уставното име. Писмото е спорно и од научен аспект коментира академик Блаже Ристевски. Во дел од македонската јавност постои размилсување дека нашиот сосед нема интрес да го реши пршањето. Историчарите веруваат дека причината лежи во политички интреси на таа земја. Спорот не трае 17 години, туку век и пол, вели академик Ристевски:
Неможете вие да ги ставите прашањата за идентитетот на втор план, тоа се наивни верувања. Едноставно соработката треба да продолжи, но паралелно со соработката треба да се решаваат и тие прашања


Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани и косовскиот претседател Фатмир Сејдиу
,,Тоа е истиот спор што трае век и пол, и тие направија се за поголемиот дел од Македонија да го вклучат во својата држава, и да направат од својата држава еден субјект кој што денеска е фактор не само на Балканот, туку и во европски рамки. Значи прашањето не е толку, едноставно и краткорочно, а целите се да го нема македонскиот субјект, да не претставува Македонија проблем за дискутирање околу судбината на денешна Северна Грција, тука е суштината."

Односите со соседите се засегнати и од други нерешени прашања, наследени од минатото. На планот на малцинствата, Бугарија отворено негира дека постои македонско малцинство. За кршењето на правата на малцинствата Европскиот суд во Стразбур донесува пресуди во нивна полза. Но, проблемот е во тоа што пресудите не се во целост почитувани. Македонија сеуште ги живее отворените прашања наследени од историјата, но според Даскаловски историјата не треба да ги решава прашањата.

,,Единствено битно во моментов е прашањето за името и грчкиот отпор кон Македонија. Прашањето за црквата е прашање на две институции вон државата, и државата не треба многу да се меша во тоа. Прашањето на историјата е прашање на историчарите, и се
Не се тие во некоја алармантна фаза на тензии. Се затегнати, но јас мислам дека благото затегнување е добро како за нас, така и за нив, за да нашата дипломатија и нивната дипломатија кога работат на овие прашања, да работат со поголемо внимание, затоа што тие пред се се рефлектираат и на внатрешно политичката сцена.
додека тоа не се инструментализира за политички причини во Бугарија, тоа нема многу да влијае врз односите на соработка со институциите на ЕУ да речеме, така што ние тие прашања на некој начин треба да ги тргнеме настрана и да ги ублажиме можните контраставови и на Србија и на Бугарија. Ние неможеме да ги убедиме, неможеме никако да ги убедиме ниту Бугарија или Србија во правичноста на нашата позиција и затоа треба да се концентрираме на други видови соработка и со Србија и со Бугарија. Со Грција пак е покомплицирано, бидејќи тоа што неможеме да ги убедиме Грците дека нашата позиција е правична, не е доволно во моментов, ние треба за тоа да ја убедиме меѓународната јавност."

Нашите соговорници се единствени во оценкаат деак сосрботкаат во регионот е неопходна имајки предвид дека добрососедските однсни се непишан услов за влез во ЕУ и дека со заедничко решаавње на проблемите побрзо и полесно би станале членки на ЕУ. Во однос на Косово, Македонија првиот чекор го направи со прзинавањето на својот нов сосед. Но, тоа не е доволно. За ова зборуваат најновите изјави од Приштина, отако косовскиот претседател во последен момент ја откажа посетата на Македонија поради тоа што неговата посета беше од работен, а не од официјален карактер. По откажаната посета, косовскиот претседател најави дека Приштина ќе спроведува реципроцитет во односите со Скопје . Премиерот Никола Груевски како реакција на изјавата на косовскиот претседател коментираше дека прашањето за добивање одредени политички поени на внатрешен план на сметка на добро соседските односи нема да го однесе регионот во вистинска насока. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу оценува дека во прашање е дипломатски пропуст и потсетува дека односите со Косово имаат свое влијание и на внатрешен план. Тој смета дека и двете страни треба да работат врз продлабочување на соработката.

,,Не се тие во некоја алармантна фаза на тензии. Се затегнати, но јас мислам дека благото затегнување е добро како за нас, така и за нив, за да нашата дипломатија и нивната дипломатија кога работат на овие прашања, да работат со поголемо внимание, затоа што тие пред се се рефлектираат и на внатрешно политичката сцена. Јас мислам дека е неизбежно двете држави да имаат добри односи, први соседи сме пред се, второ етничката поставеност на Македонија наложува исто така добри односи."

Имаше дилеми дека недоаѓањето на косовскиот претседател може да се одрази врз владината коалиција во која еден од партнерите е Демократската унија за интеграција. Тоа не се случи, но имаше рекции на незадоволство во политичките партии во албанскиот блок. Во дел од јавноста се наметна и сомнежот дека последните случувања ќе ги расипат економските релции, но Даскаловски не верува во тоа. Тој вели дека демаркацијата на границата е во завршна фаза и оти треба да се отвори пат за продлабочување на духот на соработката во економијата и трговијата. Нашите соговорници додаваат дека за тоа, како ке ги разрешиме однсните со нашите ососди во перспектива во многу ќе зависи од политичката воља, како и оти решавањато на дел од отворените прашања ќе зависи и од реакциите од Меѓународната зедница. Според Донев важно е да се спротивставуваме на решенијата кои се спротивни на нашите државни и национални интереси.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG