Достапни линкови

Наркозависниците без лекарски третман


Единствениот центар во Македонија за лекување наркозависници не прима нови пациенти, а сеуште се чека на отворањето на најавените два нови Центри за лекување на зависници.

,,Тргна од радозналост меѓутоа, после шест седум години користење, решив дека треба да признаам дека имам проблем и тргнав во решавање на проблемот. Едно време немаше решение, почнав со метадонската програма и сега за сега е добро."

Раскажува Витомир Горгиевски за своите почетоци, но и одлуката да престане да користи нааркотични средства. Но сега, Горгиевски и луѓето како него се соочуват со друг проблем. Неотворањето на центри за лекување им создава нова главоболка на зависниците кои се
Кисела Вода е проблематичен центар, заради самиот факт што неможе да одговори на потребите
обидуваат преку примањето на метадонската терапија да го надминат кризниот период. Единствениот центар во Кисела Вода повеќе не прима пациенти, а минатогодишните најави од надлежните институции за отворање на нови центри за лекување никако да се реализира. Во меѓувреме, бројот на корисници на наркотици кои се по потрага по помош и терапија се зголемува. Последната најава од Министерство за здравство е дека до почетокот на јули ќе бидат отворени долго најавуваните два центри, во Шуто Оризари и на Клинички центар во Скопје:

,,Кисела Вода е проблематичен центар, заради самиот факт што неможе да одговори на потребите, кој од ден на ден се се поголеми."

Вели Александар Арников од Министерство за здравство.
Невладините организации се револтирани поради неиницијативноста на државата, иако според нив Македонија уште во 2004 година добила финансиска поддршка од глобалниот фонд, пари кој биле предвидени за отворање на три центри за лекување на зависници.

,,Министерството мора да ги изменаџира сите овие проблеми и да не дозволи заради стигмата што постои кон оваа популација, да не се
Министерството мора да ги изменаџира овие проблеми и да не дозволи заради стигмата што постои кон оваа популација, да не се отвораат центри за лекување
отвараат центри за лекување."

изјави Влатко Деков од невладината Организација ХОБС.
Од 8 илјади зависници од херион само 350 се на метадонска терапија останатите со години ја чекаат својата шанса. Со ваквиот однос скратено им е уставното и законското право на овие луѓе да го добијата соодветниот лекарски третман.
Промените на македонското општество, транзицијата низ која минуваше долги години земјава како и пасивноста на државата се дел од причините поради појавата на ваквиот негативен тренд, оценуваат социјолозите,

,,Во некои сегменти од општеството требаше да воспостават еден здрав однос кон младите за да не посегнат по дрога. Македонија испушти еден голем дел од таа обврска и неуспеаа да направат една реална, здрава политика во тој однос."

Смета Илија Ацевски универзитетски професор.
XS
SM
MD
LG