За заштита на младата популација од секаков вид насилство, како и од последиците од зависноста од дрогата во Куманово се одвиваат програмски активности во кои се вклучени не само младите, нивните родители и наставници,туку и претставници од здравството, полицијата и локалната администрација. Координативното тело за заштита на децата од злоупотреба и насилство во својата стратегија ги опфаќа и запоставувањето на децата, физичкото и емоционалното насилство како меѓу нив самите, така и од страна на нивните родители и оние кои што работат со нив. Психологот Надица Петровска за програмата објаснува:
,,Програмата содржи активности за превенирање на насилството меѓу младите, во семејството, на улица, во училиште, секаде каде што се собираат младите, како и едукација на родителите и наставниците, за отстранување на ризик факторите. Таа е за подобрување на условите на живеење и намалување на девијантните однесувања."
За насочување на младите од Куманово кон здрав живот преку програмата на ОБСЕ во која се вклучени и полицијата и образовните институции насловена „Спорт да - дрога не“ по одржаните предавања, во тек се спортските активности. Тие се одвиваат на повеќе училишни спортски игралишта. Од одделот за превенција при СВР Куманово велат дека:
,,Активностите со теоретскиот дел за укажување на последиците од злоупотреба на дрогата се завршени, а сега е спортскиот дел."
Основното училиште „Толи Зордумис“ преку оваа програма го промовира и новоизграденото спортско игралиште на над 500 квадрати за што се вложени околу 300 илјади денари од ребалансот на општинскиот буџет.
Програмата содржи активности за превенирање на насилството меѓу младите