Достапни линкови

Обама: Подобар дијалог со муслиманскиот свет


Каиро се подготвува за посетата на претседателот на САД Обама
Каиро се подготвува за посетата на претседателот на САД Обама

Утрешниот говор на американскиот претседател Барак Обама во Каиро се очекува со големо нетрпение. Обама, како што изјави, ќе ја изрази посветеноста за подобрување на односите со муслиманскиот свет.

Барак Обама стави јасно до знаење дека сака да им се приближи на муслиманите во светот преку, како што самиот изјави, јазикот на почитување.

,,Она што сакам да го направам е подобар дијалог со што муслиманскиот свет подобро ќе сфати што Соединетите држави, но и Западот, мислат за многу прашања како тероризмот, демократијата.,,

Изајви претседателот Барак Обама во интервју за британската Ај Ти Ви, додавајќи дека е важно да се сфати дека еден говор нема да ги реши сите проблеми на Блискиот Исток и затоа очекувањата треба да бидат поумерени. Во Каиро очекувањата од неговиот говор се многу различни.

,,Нашироко се очекува посетата на претседателот Обама да отвори нова страница во односите со арапскиот и муслиманскиот свет. Исто така се очекува Обама да понуди јасна визија во која ќе нема место на термините како војна против тероризмот.,,
Она што сакам да го направам е подобар дијалог со кој муслиманскиот свет подобро ќе сфати што Соединетите држави, но и Западот, мислат за многу прашања како тероризмот и демократијата...

Вели Имад Џед, аналитичар во Каирскиот Ал Ахрам Центар за стратегиски и политички науки, додавајќи дека тие односи не можат да се посматраат само преку призмата на едно прашање, како например израелско палестинскиот конфликт. Имено, повеќето арапски лидери сметаат дека решавањето на овој конфликт е клучно за подобрување на односите меѓу муслиманскиот свет и Соединетите држави. Обама ги зголеми очекувањата околу Блискиот Исток со неговото барање до Израел да го запре населувањето на окупираните палестински територии, што веднаш беше отфрлено од израелскиот премиер Нетанјаху. Некои аналитичари се на мислење дека дел од арапските лидери го употребуваат овој проблем за да го одвлечат вниманието од недостигот на демократија и од домашните политички проблеми во нивните земји.

,,Ова е еден од најтешките говори што Обама ќе го одржи досега. Тој ќе треба да ги држи на ниско ниво очекувањата околу блискоисточниот мировен процес и во исто време да зборува за ширење на демократијата. Плус тоа треба да покаже дека не е уште еден Џорџ Буш.,,

Вели Блејк Хоуншел, експерт за Блискиот Исток од вашингтонскиот весник Форин полиси. За разлика од него, египетскиот пистаел Фахми Хуваиди се сомнева дека говорот на Обама ќе донесе некакви вистински промени:

,,Не мислам дека Обама ќе испрати порака до муслиманскиот свет. Тој доаѓа во регионот во врска со нешто што е поврзано само со ситуацијата на Блискиот Исток.,,

Затоа Хуваиди цинично заклучува дека пораката на Обама ќе биде упатена само до арапите, а не и до муслиманите. Во меѓувреме, во Каиро се прават последните безбедносни подготовки за неговата посета и веќе неколку денови на сите јарболи во земјата можат да се видат развиорени знамињата на Египет и на Соединетите држави.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG