Достапни линкови

Премиера на Браќа Карамазови во Битолскиот театар


Битола
Битола

Претставата Браќа Карамазови работена според романот од Достоевски во режија на Дејан Пројковски, премиерно ќе биде изведена во сабота во Битолскиот народен театар.

Не многу по премиерата на ,,Р“ од Јордан Плевнеш во Градски тетар Скопје, режисерот Дејан Пројковски еве го со нов како што самиот забележува долгопожелуван и долгопромислуван проект. Тој, во Битолскиот народен театар, се зафати да ја постави Браќа Карамазови еден од најзначајните романи на Достоевски и делото за кое се знае дека е во постојан дијалог со Бога.

„Браќата Карамазови ја поставив на верувањето и неверувањето, значи не дали човек верува во Бога, туку дали ја носи вербата во себе. Така што цела престава е една потрага по човештвото.“

вели Пројковски. Во оваа втора премиера на Битолскиот народен театар од годинешната програма играат актери од сите генерации на овој ансамбл како Митко С. Апостоловски, Петар Горко, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Јулијана Мирчевска, Соња Михајловска. Секој од нив толкува по една човечка особина за на крајот сите карактеристики да се спојат во еден човек.

„Основната порака на христијанството е дека еден човек страдал за сите луѓе. Така и овде Аљоша ја презема насебе одговорноста да
Браќата Карамазови ја поставив на верувањето и неверувањето, значи не дали човек верува во Бога, туку дали ја носи вербата во себе.
страда за сите луѓе оку него.“

ќе рече Огнен Дранговски кој го толкува ликот на еден од браќата Алексеј Фјодорович Карамазов кој е доста чутлив, но преку кого за целото време се прекршува дејството во претставата. Неговиот колега Иван Јерчиќ, пак, истакнува дека во секого од нас има по еден Карамазов и дополнува дека целиот ансамбл поминал низ еден навистина тежок процес на работа на пиесата:

„Процесот беше доста интересен и напорен и се надевам дека публиката ќе знае да ја оцени како квалитетна.“

Според Пројковски една од особеностите на оваа претстава е нејзиниот сценски јазик всушност вметнувањето на филмскиот израз во театарот, но во случајов тоа е сторено не преку користење на мултимедијални ефекти туку преку играта, сценографијата и особено музиката. Притоа за сценографијата бил ангажиран Владо Ѓорески, костимите се на Благој Мицевски, а автор на оригиналната музика е Горан Трајковски, инаку постојан соработник на Пројковски во последно време.

„Овој тип на музика е правен повеќе по еден филмски принцип, без сонгови, без вокални делници.“

Кон ова само уште информацијата дека пред самиот чин на премирната изведба во Битолскиот театар ќе биде поставена изложбата Патувањата на Достоевски која ќе ја отвори Владимир Солоцински, амбасадор на Руската федерација во Македонија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG