Достапни линкови

Што стои зад судирот Влада – ЕВН?


Зградата на ЕВН
Зградата на ЕВН

Аналитичарите согласни – Македонија испраќа лош сигнал до потенцијалните странски инвеститори. Истовремено, велат тие, загрозени се и евро интеграциите на Македонија

Што стои во позадината на јавниот судир на Владата и австриската компанија ЕВН? Борба за превласт над големи пари или
Политиката нас не ни одговара да ги влошуваме односите со амбасадорите, со Европа, со Рикер, не сме толку во право за така директно да настапиме
затскривање на реалните проблеми во енергетскиот сектор во земјава. Експертите велат дека , што и да е причината, спорот треба да се реши, бидејќи и нанесува штета на Македонија. Шест амбасадори во писмото што го пратија до премерот Груевски, навеле дека со спорот Македонија им праќа порака на странските инвеститори да не доаѓаат во земјава. И Брисел и американскито амбасадор во Македонија, Филип Рикер се согласија дека после спорот, тешко ќе им се докаже на странските инвеститори дека Македонија е доборо место за инвестирање. Професорот и поранешен директор на МЕПСО, Атанаско Туневски, вели дека Владата треба сериозно да ги сфати пораките од странство.

„Политиката нас не ни одговара да ги влошуваме односите со амбасадорите, со Европа, со Рикер, не сме толку во право за така директно да настапиме. Од друга страна не се повлекуваат, кога видоа дека не оди работата требаше да се повлечат, овие не се повлекуваат.“

Професорот Зоран Ивановски вели дека спорот само покажува дека економијата честопати е само продолжена рака на политиката.
Австријците се обидуваат да ја искористат доминантната позиција во ЕУ каде што се земја членка и оттаму ги слушаме пораките дека е можна и втора пречка при аплицирањето на Македонија за членство во ЕУ, а тоа е Австрија

„Австријците се обидуваат да ја искористат доминантната позиција во ЕУ каде што се земја членка и оттаму ги слушаме пораките дека е можна и втора пречка при аплицирањето на Македонија за членство во ЕУ, а тоа е Австрија.“

Пратеникот Владо Буџковски, вели дека Владата не треба да води погрешна политика , што ќе и наштети на Македонија.

„Изложувањето на опасност да се изгуби арбитражата во Вашингтон би значело банкрот за Република Македонија. Сметам дека вжештените глави пред се на неколкумина клучни луѓе во Владата, на Груевски, ќе мора да се оладат и да се пристапи рационално во разрешување на овој спор.“

Австриски ЕВН и официјално и поднесе тужба на Македонија на арбитража во Вашингтон. Сеуште нема детали колкава отштета ќе бараат Австријците од државата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG