Достапни линкови

,,Троил и Кресида“ во режија на Љубиша Ристиќ


Скопје
Скопје
Љубиша Ристиќ, српскиот режисер со поширока регионална репутација, познат по својот авангарден пристап во поставувањето на театарските текстови, основачот на славниот независен проект Казалиште, Позориште, Гледалишче, Театар кој своевремено имаше амбиција да ги обедини дејците од некогашниот југословенски културен простор, деновиве во Скопје ги почна пробите со актерите за поставување на Шекспировата трагедија Троил и Кресида. Изборот на текстот што го направи Ристиќ се совпаѓа со тенденцијата на раководството на МНТ оваа сезона да биде своевидно „враќање кон класиците“.

„Важно е за нас што е Ристиќ тука, особено е важно за целата актерска генерација која ќе има среќа да работи со него, да види друг ,,ветер“, една друга концепција, други светоназори.“

истакнува Сашо Миленковски, директор на МНТ и некогашен соработник на Ристиќ во КПГТ во Суботица. Според замислата на
Нашата тема е Европската војна. Војната која трае 3.000 години. Од времето на Троја до ден денес. Тоа е истата таа војна
авторот на проектот се работи за претстава која за основа ја има Шекспировата трагедија, но и претстава во која има многу од Хомеровата Илијада.

„Нашата тема е Европската војна. Војната која трае 3.000 години. Од времето на Троја до ден денес. Тоа е истата таа војна. Главната европска тема е како да се изгради Градот и како потем да се разори истиот тој Град. За тоа пишува Хомер, за тоа пее Шекспир, за тоа говори нашата претстава.“

вели Љубиша Ристиќ. Тој дополнува дека претставата, како во античкото време, ќе трае преку целиот ден. Дека ќе започне рано наутро кога бројната екипа ќе пристигне на некој од градските плоштади и ќе започне со изградбата на објектите што ќе се користат, со градба на Тројанскиот коњ, за да конечно околината добие лик на панаџур каде што ќе се продава се и сешто, ќе настапуваат жонглери и музичари, всушност ќе се одвиваат бројни претстави во рамките на предвидената претстава. Во проектот е предвидено учество да земат над 80-тина актери, значи целокупниот ансамбл на МНТ и глумци од останатите театри во земјава, студенти од Академијата и од другите театарски школи. За визуелниот дел од поставката е ангажиран поголем тим уметници во кој Валентин Светозарев ќе се погрижи за функционирање на бројните градби што ќе никнуваат на плоштадите, а во креирањето на костимите и реквизитите ќе учестуваат Тихомир Спировски, Мери Јован и младата Александра Митковска. За музиката за која Ристиќ потенцира дека е извонредно значаен сегмент во спектаклот и ќе се движи во распон од класиката до авангардниот џез тој нагласува дека ги одбрал да ја работат композиторот Габор Ленџел, гитаристот Ѓорѓи Шаревски и пијанистите Симон Киселички и Бојана и Невена Рачиќ од Белград со кои остварил одлична соработка во изминативе неколку години.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG