Достапни линкови

Вук Јеремиќ во Скопје


Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ

Шефот на српската дипломатија во прва официјална посета на Македонија по македонското признавање на Косово. Аналитичарите оценуваат дека посетата е позитивен израз на подготвеноста на двете влади за нормализирање на односите

По минатата тешка година за односите меѓу двете држави, денешната посета на министерот за надворешни работи на соседна Србија, Вук Јеремиќ е оценета како нова поквалитетна фаза во билатералните односи меѓу двете земји.
И двете земји имаат многу заеднички интереси, особено во поглед на европските интеграции. Сметам дека тука може да се размени значајно и богато искуство, а исто така може заеднички да се работи да се постигнат тие цели, како за Македонија, за Србија и за целиот регион


„И двете земји имаат многу заеднички интереси, особено во поглед на европските интеграции. Сметам дека тука може да се размени значајно и богато искуство, а исто така може заеднички да се работи да се постигнат тие цели, како за Македонија, за Србија и за целиот регион.“

изјави по средбата македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Разликите осдтануваат но добро е што заедничките цели се многу поголемми од нив, констатира Милошоски. Тие разлики останале и по денешната средба на двајцата министри.

„Белград и Скопје немаат исто гледање на идниот статус на Косово и Метохија. За жал ,можам да кажам дека немаме доближување на ставовите по тоа прашање, но во односите меѓу двете прашање мора да гледаме на она што не спојува, а не она што не раздвојува,“

Експертите на денешната посета гледаат како на многу позитивна и израз на подготвеноста на двете Влади да ги нормализираат односите откако тие беа нарушени по признавањето на Косово од македонска страна .

„Не само што се нормализираат односите, туку мислам дека тоа е придонес на двете страни за уредување на односите на Балканот и подобрување на регионалната клима,“
Белград и Скопје немаат исто гледање на идниот статус на Косово и Метохија. За жал ,можам да кажам дека немаме доближување на ставовите по тоа прашање, но во односите меѓу двете прашање мора да гледаме на она што не спојува, а не она што не раздвојува


вели професорот Димитар Мирчев.

Аналитичарот Ризван Сулејмани придружувајќи се на позитивниот став во однос на денешната посета, сепак упатува критики во однос на македонската како што вели несигурна ориентација кон опкружувањето пред се мислејќи на сеуште невоспоставените дипломатски односи со Косово.
„И во овој случај имаме држави пријатели кои ни помагаат да бидеме членки на НАТО, а тоа е приоритет на Македонија. Имаме држави кои јасно се декларираат дека тоа не им е приоритет и бараат друга опција од НАТО, ние чекаме и таа држава да се освести.“
Професор Мирчев сепак додава дека Макеоднија мора да биде многу претпазлива во однос на односите со соседите и очекува разбирање од двете страни кое се надева дека и ќе го имаме. Во контекст на нормализирањето на односите како што нагласи и денеска гостинот од Белград, може да се гледа и назначувањето на нов амбасадор на Република Македонија во Белград. Црвенковски веќе се согласи со изборот на поранешниот претседател на Собранието на РМ, режисерот Љубиша Георгиевски за македонски амбасадор во Белград. Шест месеци Македонија немаше амбасадор во Србија, по протерувањето на амбасадорот Александар Василевски на 10. октомври минатата година, откако Македонија ја призна независноста на Косово.По добивањето на поканата од Меѓународниот суд на правдата, Македнија донесе суверена одлука да остане неутрална во однос на постапката што се води меѓу Србија и Косово за легалноста на независноста.
XS
SM
MD
LG