Конвенциите за човекови права само се ратификуваат, а никој не ја следи нивната примена, коментираат дел од експертите. Активистот за човекови права Жарко Трајаноски вели дека дури и судовите многу ретко судат според меѓународните конвенции што Македонија ги ратификувала, иако и тие се дел од македонското законодавство. Трајаноски го посочува примерот со укинувањето на веронауката во основните училишта. Далеку подобро ќе беше, ако образложението на Уставниот суд беше поткрепено со пресуди од европскиот суд за човекови права.
,,Во моментот на ратификација, тие стануваат дел од македонското законодавство и секој може да се повикува на нив и судиите да судат врз основа на нив. Оттаму, судот во Стразбур е наш суд, како што и Европската конвенција е наша конвенција. Меѓутоа, никој не се повика на неа, дури ни судот иако имаше можност да се повика на неа."
Професот Звонимир Јанкуловски вели дека секоја држава мора да ги исполнува меѓунардно преземените обрски. Тоа е предуслов да бидете сериозен актер во меѓународниот систем, вели Јанкуловски.
,,Сигурно не можете да се однесувате на начин што преземате обврска со меѓународен договор, го ратификувате, а потоа постапувате спторивно од она што сте го прокламирале како државен став"
Изминативе денови, во тридневна посета на Македонија, беше Специјалниот известувач на ОН за слобода на вероисповед Асма Џахангир. Таа оцени дека состојбата со верските права и слободи во Македонија, генерално, е поволна, но има знаци кои загрижуваат.
Двете најголеми верски заедници во Македонија вршат политичко влијание со намера да извршат упад во Уставот на државата, кој гарантира одвоеност на државата од религијата, оцени прелиминарно Џахангир.
,,Она што ме загрижува е тоа што протестот, односно правото на протест на студентите по архитектура беше нарушено, а полоцијата само стоела отстрана. Од некои сведоци што ги сретнав слушнав дека полицијата исто така помогнала да се спречат демонстрациите кои беа мирни демонстрации. Тоа ќе биде нешто што ќе влезе во мојот конечен извештај."
Асма Џахангир има мандат од ОН да ги идентификува постоечките или можни пречки во слободата на вероисповед и да посочо препораки како тие пречки да се надминат.
Во моментот на ратификација, тие стануваат дел од македонското законодавство и секој може да се повикува на нив и судиите да судат врз основа на нив. Оттаму, судот во Стразбур е наш суд, како што и Европската конвенција е наша конвенција. Меѓутоа, никој не се повика на неа, дури ни судот иако имаше можност да се повика на не