Достапни линкови

Куманово со старо-нов градоначалник


Куманово
Куманово
Интензивните активности на локалната самоуправа и на градоначалникот Зоран Дамјановски во повеќе области во Општината Куманово во изминатите четири години,кумановци позитивно ги оценија и на неодамнешните избори му дадоа доверба уште за еден мандат. Во наредните четири години од Дамјановски можеби со право очекуваат:

„Да има вработувања,подобра комунална хигиена, уредени улици. До сега беше добро, преуреден е плоштадот, поголемиот број од улиците се изградени.“

„До сега многу направи и уште ќе направи.“

Има и такви кои не се задоволни. Тие сметаат дека:

„Да ги асфалтира улиците или барем дупките да ги закрпи. Луѓето си ги искршија колите.“

Велат прашаните кумановци.
А градоначалникот Дамјановски вторпат укажаната доверба ја сфаќа како поголема одговорност и обврска да ги доврши започнатите проекти и да ги реализира планираните. Во неговата програма,како што вели има неколку стратегии за различни области.
Да има вработувања, подобра комунална хигиена, уредени улици


„Образованието,екологијата,културата и нфраструктурата. Сите правци се витални за градот и мора паралелно да се одвиваат.“
Смета Дамјановски и додава:

„Треба да се завршат булеварските решенија, сообраќајниците, завршување на реконструкцијата на стариот плоштад и реновирање на фасадите на зградите во централното градско јадро.“

Вели Дамјановски.

„Изградба на санитарната депонија до 2013-та година, водоснабдителен објект на реката Петрошница, како и гасификацијата до 2012-та година.“

Запрашан дали во вториот мандат проблемот со централната власт ќе биде надминат и дали конечно ќе биде воспоставена комуникацијата која до сега воопшто не постоеше, Дамјановски не е оптимист.

„Има јасен сигнал дека борбата ќе биде отворена.“

Тој смета дека во наредните четири години децентрализацијата мора да се заврши, да се регулира состојбата со градежното неизградено земјиште, враќањето на здравствените домови, културните институции и спортски објекти со што ќе се стави точка на последната фаза на децентрализацијата. За сите до сега нереализирани проекти Дамјановски вели дека како градоначалник на најголемата општина во државава и овојпат како член на Управниот одбор на ЗЕЛС во наредниот мандат ќе може да се избори и да се справи со сите проблеми, без оглед што е градоначалник од опозицијата на централната власт.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG