Достапни линкови

Судскиот процес за Косово без Македонија?


Прослава на годишнината од Косовската независност во Приштина
Прослава на годишнината од Косовската независност во Приштина
Со признавањето на независноста на Косово, Македонија зазеде страна во спорот меѓу Белград и Приштина пред судот во Хаг. Вака домашните аналитичари ја оценуваат позицијата на земјава, по пишувањата во косовските весници дека Србија ги убедила Македонија, Црна Гора и Хрватска да не учествуваат во процесот во кој Меѓународниот суд на правдата ќе одлучува за законитоста на едностраното прогласување независност на Косово. Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во Обединетите Нации, Денко Малески вели дека покренувањето на судска постапка од страна на Белград не може да ја измени реалноста на теренот, а за земјава е најдобро да ги задржи добрососедските односи и со Белград и со Приштина.

"За наше добро, за да имаме добри односи со Белград, што е исклучително важно, меѓутоа исто така фактот дека имаме големо албанско малцинство кое има специјални врски со Косово, ни наложува политика на исто така добри односи со Косово."

Според аналитичарот Ризван Сулејмани пак земјава нема конкретен став во нејзината надворешна политика.Од политика на еквидистанца и изолација, земјава почна да применува политика на симетрија. Тоа вели Сулејмани значи дека со одредени земји се движиме во ист
За наше добро, треба да имаме добри односи со Белград, што е исклучително важно, меѓутоа исто така фактот дека имаме големо албанско малцинство кое има специјални врски со Косово, ни наложува политика на исто така добри односи и со Косово.
правец, а со други се уште стоиме во место.

"Неможе да се воспостави симетрија во ситуација кога работите се разликуваат. Така што Македонија плаќа по долго време цена од осамостојувањето до денеска, со тоа што нема храброст јасно да ги дефинира своите интереси."

Според Малески решението за сите проблеми кои постојат на Балканот е влезот во евроатланските структури.

"Влегувањето во тие интеграции, воената НАТО и Европската Унија и на тој начин со тој надворешен притисок да се затворат овие проблеми на Балканот."

Според Сулејмани Македонија треба да гради политика на интереси со соседите. Земјава вели тој треба да ја поддржи политиката која нема да не води кон изолација.

"Најголем трговски партнер каде што имаме суфицит е Косово. Така што барањето симетрија мислам дека е погрешна политика."

Приштинските медиуми вчера објавија дека Словенија ќе биде единствената држава од просторите на поранешна Југославија која ќе му помогне на Косово во овој случај. Останатите нема да ги достават релевантните материјали за разгледување на случајот Косово.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG