Зачестеноста на самоубиствата во наредните 10 години во Македонија ќе се зголеми за 75%, а кај младите дури за 170%, предвидуваат експертите. Стапката на самоубиства во средината на овој век ќе достигне 15-16 самоубиства на 100 илјади жители, со што Македонија од земја со ниска стапка од 7,5 ќе премине во земја со средна стапка на самоубиства. Овие неодманешни прогнози за жал полека како да се остваруваат откако за само неколку месеци со случија серија на самоубиства. Повеќе од половината од самоубијците одлуката ја донесуваат во афект состојба, а значително е мал бројот на самоубијци кои боледувале од неизлечиви болести. Меѓу една од главните причини е и депресијата:
„Повлекувајќи се во некој простор во училиштата на некои деца кои што се послаби во психолошка смисла им дозволуваме да посегнат по својот живот, немајќи со кого да го споделат, можеби и не толку големиот проблем.“
сугерира Невропсихијатарот Антони Новотни. Како ризик фактори за самоубиствата експертите ги посочуваат дисфункционалните семејни односи, а улогата на училиштето ја посочуваат како етиопатогенетски фактор кој го покренува таквото однесување. Мотивите не можат да ги објаснат причините за самоубиствата туку можат само до некаде да се разберат оние ситуации кој ги поттикнуваат луѓето на таков чекор, оценува универзитетскиот професор Нелко Стојановски.
„Осаменост, отхрленот, несакана бременост, материјална несигурност, несреќна љубов, неуспех во работата или бизнисот, кај некои има и страв од казна.. Ние имавме младо лице кое што добило помала оценка да се плаши од казна од родителите и да изврши самоубиство.“
Психолозите од Меѓаши сметаат дека младаите се преоптеретени со училишните обврски а родителите пак имаат преголеми амбиции за своите деца.
„Децата имаат право на своја лична слобода, да бидат ослободени од притисоци, од стравови. Тоа чувство на ослободено дете, никогаш неможе да предизвика кај детето да посака да направи нешто врз себе.“
Изјави Роза Василевска од детската амбсадата Меѓаши.
Повеќе од 70 отсто од самоубиствата биле извршени од лица од машки пол, а рака врз себе најчесто кревале лица постари од 30 години. Најголем број самоубиства се извршени со бесење, со скок од височина, со давење и со оружје.