Достапни линкови

Јасновидец го виде духот на Александар Македонски!?


Скопје
Скопје

Според научниците тврдењата не може научно да се коментираат. Тие велат станува збор за глупост. Социолозите сметаат дека причините меѓу другото се и економската криза и проблемот со Грција

Тврдењата дека некои луѓе се поврзуваат и разговараат со историски личности и од тоа извлекуваат историски заклучоци и нанесуваат огромна штета на историската наука, коментираат експертите. Деновиве штипјанецот Александар Донски на македонските медиуми
Да седнеме со сите да ги повикаме наши револуцинери, и да се договориме. Еве, да го повикаме Тодор Александров и да го прашаме дали бил Бугарин или Македонец или да го повикаме Гоце Делчев, да ни каже кој го предал
тврдеше дека преку американски јасновидец се поврзал со духот на Александар Македонски. Директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов вели дека ваквите тврдења се негативна реклама за целокупната македонска историографија:

„Да седнеме со сите да ги повикаме наши револуцинери, и да се договориме. Еве, да го повикаме Тодор Александров и да го прашаме дали бил Бугарин или Македонец или да го повикаме Гоце Делчев, да ни каже кој го предал.“

Чепреганов вели дека ваквите тврдења по ниту еден основ не може да се наречат историски и затоа не заслужуваат сериозен коментар:

„Најмалку се слушаат историчарите. Сите знаат историја, само историчарите не знаат. Не можам да замислам, како може човек, интелектуалец, да излезе на телевизија и тоа да го зборува. Тоа не може да ми влезе во глава. Некои работи што не држат, не држат. Ова не може да биде во сферата на науката. Да ме прашувате и што мислам за тоа – глупост! Ништо друго не можам да кажам.“

Социологот Татијана Стојановска вели дека тврдењата за поврзување со славни личности од минатото се предизвикани од неколку
Ваквиот начин на појавата на духот, којшто беше опишан како изгледал, мислам дека е смешно и бизарно и треба да престанеме со таков начин
фактори, меѓу кои и економската криза, но и проблемот со Грција:

„Ако сакате нешто да забошотите се навраќате на историски личности и настани кои го билдаат духот на македонскиот народ.“

Стојановска вели дека со упорно повторување дека Александар Македонски се појавил, дел од луѓето почнуваат да веруваат во тоа:

„Ваквиот начин на појавата на духот, којшто беше опишан како изгледал, мислам дека е смешно и бизарно и треба да престанеме со таков начин.“

Психологот Милка Ололовска вели дека ставот на науката кон пара психолошките појави е дециден – тоа е нешто надвор од секакво логично и рационално разбирање, вели Ололовска:

„Психологијата се оградува од ваквите работи, затоа што тоа се во духот на спиритуалноста, учење за задгробен живот, а сето тоа е под знак прашање.“

Американскиот јасновидец, го опиша Александар Македонски како славна младолика личност, со цврст израз на лицето, а носел голема наметка од лавовска кожа.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG