Достапни линкови

Избирачкиот список проблем на изборите


Прес конференција на ОБСЕ/ОДИХР за изборите
Прес конференција на ОБСЕ/ОДИХР за изборите
Странските набљудувачи во извештаите за изборите, особено го нагласуваат проблемот со неажурираниот избирачки список. За експертите симптоматично е тоа што Македонја со 2 милиони жители не може да утврди кој има право на глас. Избирачкиот список е под надлежност на Министерството за правда. Според член 4 од Законот за избирачки список, списокот треба задолжително се ажурира. Но и покрај тоа од мисијата на ОПСЕ-ОДИХР, и во извештајот за овие избори , како една од забелешките го наведоа токму
Ние реагиравме на ова прашање и претходно и тоа е една од причините зошто силно реагираме и овој пат, бидејќи не е прифатена препораката за темелно ревидирање на списокот. Објаснивме дека тоа мора да се направи
пренатрупаниот избирачкиот список.

„Ние реагиравме на ова прашање и претходно и тоа е една од причините зошто силно реагираме и овој пат, бидејќи не е прифатена препораката за темелно ревидирање на списокот. Објаснивме дека тоа мора да се направи,“

Објаснува шефот на мисијата на ОБСЕ Питер Ајкер.

Невладината МОСТ, во 2005 и 2006 -та спроведе проект за избирачки список на интернет. Со тоа за првпат целиот списокот им беше ставен на увид на граѓаните. Од МОСТ велат дека имаат искуство и познаваат методологии со кои може да се прочисти листата на гласачи:

„Методологијата се состои од два основни концепти. Едната е од избирачкиот список кон граѓаните, а другата од граѓаните кон избирачкиот список.“

Ова е само еден сегмент од методологијата, вели директорот на МОСТ, Дарко Алексов. Вториот е подобрата комуникација меѓу институциите кои се надлежни за ажурирање на избирачкиот список.

За две децении список е зголемен за 421.000 гласачи. Министерот за правда Михајло Маневски, вели дека на списокот му се потребни ревидирања, но треба да се земе в предвид и тоа што има 73. 000 гласачи кои живеат во странство.

„И натаму се државјани на привремена работа но тие не може да бидат избришани од избирачкиот список. Од наредните избори, граѓаните што живеат во странство самите ќе се пријават и таму ќе гласаат, а со тоа ќе бидат избришани од овој избирачки список.“

Од септемви оваа година, надлежностите врз избирачкиот список, од Министерството за правда, преминуваат во рацете на Државната изборна комисија. Од таму објаснуваат дека сега се во подготовка на превземањето на функцијата.


  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG