Достапни линкови

Обама ја очекува Македонија во НАТО


Во Стразбур самит на Нато. По повод 60 годишнината денеска во членство се примени Албанија и Хрватска. Американскиот претседател Барак Обама не ја заборави Македонија чии напори да стане дел од НАТО се блокирани од Грција поради спорот со името.

"Kако што им посакуваме добредојде на Албанија и Хрватска, ова не е последен пат за вакво славење. Јас го очекувам денот кога ке и посакаме добредојде и на Македонија во алијансата".

НАТО лидерите во Стразбур расправаат за тоа кој ке го наследи Јап де Хоп Схефер кој на 31 јули заминува од челната позиција на Алијансата. Европските сојузници и Соединетиоте Држави ја подржаа кандидатурата на данскиот премиер Андерс вог Расмусен. Меѓутоа Турција се противи поради тоа што во Данска во 2006 започна кризата со карикатурите на пророкот Мухамед објавени во данските весници.



NATO 60th Anniversary Ceremonies
Претходно, американскиот Претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел и другите лидери на НАТО симболично го минаа мостот на Рајна кој ги дели Германија и Франција момент кој го означува единството на Алијансата. Еден од нив не успеа. Тоа беше Силвио Берлускони италијанскиот премиер задлабочен во телефонскиот разговор. Објавено е дека Берлускони доцнел оти телефонски разговарал со турскиот премиер Реџеп Ердоган со цел да биде надмината турската блокада за избор на нов шеф на алијансата.
Главниот фокус на самитот инаку се става врз иднината на Алијансата, новата стратегија за Авганистан како и односите со Русија. И овој самит на НАТО е следен со демонстрации. Во Стразбур и денеска дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG