Гласовите на кандидатите кои испаднаа во првиот круг ќе ја прекројуваат личната карта на изборите во вториот круг за избор на претседател, оценуваат аналитичарите.Намачувањето на цензусот за избор на претседател од 50 на 40 %., значи дека за прв човек на државата ќе биде избран оној кој ќе има најмногу гласови, но под услов да бидат излезени над 40 % од граѓаните.
Аналитичаот Емил Атанасовски вели, за да биде избран претседател во вториот круг му се потребни најмалку 720 илјади гласови. Во вториот круг одат Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчковски кои заедно имаа околу 540 илјади гласови.
За избор на претседател пресудни ќе бидат гласовите на оние кои гласале за кандидатите кои испаднаа.
„Може да се предвиди дека гласачкото тело на Љубе Бошкоски е подисциплинирано и тој има поголема шанса да ги директира тие гласови, додека гласачкото тело на Селмани е малку поопфатно, за него гласаа и Македонци и некои други помали заедници, така што тој нема толкава моќ да ги насочи гласовите, како Љубе Бошковски.“
објаснува Емил Атанасовски.
Аналитичарот Суад Мисини објаснува дека кандидатите за претседател во вториот круг можат да сметаат на гласовите на ЉубеБошковски или на Мендух Тачи, но не и на Селмани и на Агрон Буџаку.
„Гласачите на ДУИ практично покажаа една нова ситуација, што се однесува до изборот за претседател, тоа е дека не ги следеа многу насоките на партијата.“
Странските наблудувачи како една од забешките за првиот круг од изборите, го наведоа и застарениот неажуриран избирачки список. Професор Саво Климовски вели дека избирачкиот список не е логичен и дека му се потребни ревидирања, но по изборите:
„После тоа сериозно треба да се провери кои луѓе се во земјава, кои не се, кои се избришани, кои починале, се префрлиле на други адреси, а ги водат на други адреси.“
Аналитичарите велат дека и на овие претседателски избори ќе има пазараење за гласови, но сепак сликата многу ќе се разликува од онаа кога за претседател беше избран Борис Трајковски.
Може да се предвиди дека гласачкото тело на Љубе Бошкоски е подисциплинирано и тој има поголема шанса да ги директира тие гласови
Аналитичаот Емил Атанасовски вели, за да биде избран претседател во вториот круг му се потребни најмалку 720 илјади гласови. Во вториот круг одат Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчковски кои заедно имаа околу 540 илјади гласови.
За избор на претседател пресудни ќе бидат гласовите на оние кои гласале за кандидатите кои испаднаа.
„Може да се предвиди дека гласачкото тело на Љубе Бошкоски е подисциплинирано и тој има поголема шанса да ги директира тие гласови, додека гласачкото тело на Селмани е малку поопфатно, за него гласаа и Македонци и некои други помали заедници, така што тој нема толкава моќ да ги насочи гласовите, како Љубе Бошковски.“
објаснува Емил Атанасовски.
Аналитичарот Суад Мисини објаснува дека кандидатите за претседател во вториот круг можат да сметаат на гласовите на Љубе
Гласачите на ДУИ практично покажаа една нова ситуација, што се однесува до изборот за претседател, тоа е дека не ги следеа многу насоките на партијата