Во Куманово најголемата општина во државава за градоначалничката фотелја ќе се борат седум кандидати. Најголеми фаворити на граѓаните меѓутоа се двајца. Актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски од СДСМ и пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Дамјановски смета дека во изминатиот четири годишен мандат има заслуги за голем број реализирани проекти од инфраструктурата,капиталните инвестиции, децентрализацијата, во образованието и културата, Поп Арсов за почеток најави дека во неговите заложби подеднакво ќе бидат застапени проекти и во урбаната и во руралната средина.
Кумановци одамна навикнати на бројни ветувања во изборните кампањи сметаат дека на градот уште многу му недостасува.
,,Се треба, да се направат улици, да се асфалтираат. И овој не е лош градоначалник, ама може и подобар."
,,Не верувам во предизборни ветувања, само во себе верувам."
Тие сакаат Куманово да прерасне во модерен европски град кој го гледаат единствено на сликите на изборните рекламни материјали на кандидатите:
,,Полно работи му недостасува, нема градско ВЦ, чистота нема. Си ја префрлаат топката еден на друг, но не е чисто."
,,Не верувам во предизборните ветувања. Немерени лаги."
Вообичаено јавноста е поделена. За едните Дамјановски е градоначалник кој многу направил и уште многу треба да доврши, за другите Поп Арсов е вистинскиот избор. За кого најголем број од граѓаните ќе се одлучат ќе го покаже денот на изборите.