Достапни линкови

Средношколците Албанци во Куманово во нови простории


Половина од околу 700 ученици од Општинското средно економско училиште „Перо Наков“ од Куманово кои посетуваат настава на албански наставен јазик се дислоцираа од адаптирната училишна зграда на Работничкиот универзитет „Професор Мијалковиќ“ во адаптирани бараки во Касарната „Христијан Тодоровски Карпош“. Со тоа и наставата на средношколците Албанци ќе се одвива нормално, вели заменик директорот Фуад Азизи.

„Почна настава после седум години со 45 минути час. Или вкупно 11 паралелки од денеска па натаму ќе учат во овие простории.“

Но и ова е времено решение,бидејќи се работи на преадаптирање на зграда во касарната, во која учениците треба да се преселат на
Ова е само почеток, еднаш засекогаш решение за учениците Албанци во Куманово со настава на албански јазик ќе се најде. Ние сме големи оптимисти и убедени сме дека од 1 септември 2009 со јака гаранција од Министерството за образование, дека учениците Албанци од средното економско училиште ќе се сместат во зграда која ќе биде адаптирана, ние очекуваме на 13 август тоа да се заврши
почетокот на следната учебна година.

„Ова е само почеток, еднаш засекогаш решение за учениците Албанци во Куманово со настава на албански јазик ќе се најде. Ние сме големи оптимисти и убедени сме дека од 1 септември 2009 со јака гаранција од Министерството за образование, дека учениците Албанци од средното економско училиште ќе се сместат во зграда која ќе биде адаптирана, ние очекуваме на 13 август тоа да се заврши.“

вели Азизи.

Претседателот на Советот на родителите Назмир Муртези не го крие задоволството и додава,

„Конечно беше време да се преселиме. Таму каде што беа до денес имаше 700 ученици, а мал простор.“

Новите простории за учениците Албанци се оддалечени од градот за што се преземаат мерки за обезбедување превоз на учениците и наставниците.

Средношколците Албанци на сопствена иницијатива по конфликтот 2001 година се дислоцираа од матичните училишта кои според нив не беа безбедни оти се во градските делови населени со претежно македонско население.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG