Достапни линкови

Кумановски инвалид без парична помош


Откако пред три години преживеал мозочен удар и останал со тешки последици 39-годишниот кумановчанец Фета Ајдини со неговата сопруга Рувет живеат од социјална помош од 2.700 денари. Тие пари не се доволни ниту за лекарствата кои секојдневно Фета мора да ги прима. Тој ги има медицинските уверенија дека 80 отсто е инвалид бидејќи левата рака и нога му се парализирани, има потреба од нега од
Не барам милост, туку само правда
друго лице, за што пак Комисијата од Центарот за социјални работи не му одобрува парична помош. Иако тежок инвалид Фета вели дека не се откажува од борбата со институциите, оти за него ова со спортски речник кажано е второто полувреме на неговиот живот.

,,Кога сум бил здрав, никогаш не сум бил по тие врати, но сега сум тргнат да го барам она што е мое до крај. Не барам милост, туку само правда."

Фета има завршено средно техничко училиште и кога бил здрав никогаш не бил вработен. Тој никого не молел, а иако има многу пријатели никој од нив не му понудил каква и да е работа. Тој не се лути никому, оти како што вели:

,,Луѓе со факултет се на улица, а јас сум со средно..."

Сепак тој е задоволен од медицинскиот третман на персоналот и во Куманово и во Скопје и многу е благодарен:

,,Она што го добив до сега од професорката Дијана Никодиновиќ во Скопје, докторка Мирида Марку, последните наоди дека не сум способен да извршувам ни најмалку пет посто работа. Раката не ми работи, а без придружник не можам да одам никаде."

Фета знае дека и да добие парична помош за нега од друго лице тоа не би било многу, но не може да се помири со негативните одлуки на
Раката не ми работи, а без придружник не можам да одам никаде
Комисијата.

,,Благодардност до сите пријатели кои ми излегуваат во пресрет за потребите. Тие ми носат лекови, излегува до две илјади денари месечно за лекови."

И додека се бори со сериозните здравствени проблеми, тешка подвижност и нестабилност,потреба од придружба во извршување и на најосновните потреби, Фета вели дека во живот го одржуваат телевизиските преноси на фудбалските натпревари и музиката на фолк пеачката Благица Павловска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG