Достапни линкови

Обама во Конгресот – Америка ќе излезе од кризата уште посилна


Барак Обама уште минатата есен за време на претседаетлската изборна трка знаеше дека ако победи ке треба да се соочи со повеќе од две војни и огромен буџетски дефицит. Врвот на предизвикот е како да ја извади земјата од најлошата економска криза од времето на Големата депресија. Обама синоќа на зедничката сесија на двата дома на Конгресот во Конгресот уште на почетокот го поентираше тоа.

Знам дека за многу американци кои сега не гледаат, најзигржувачка е состојбата на нашата економија. А има и зошто. Ако не сте лично загрозен од рецесијата, веројатно знаете некој друг, пријател, сосед, член на семејството. И не ви треба статистиката за да знаете дека

Проблемот не е толку голем, не е толку длабок а да не може да биде решен.

нашата економија е во криза, бидејки ја живеете секој ден. Со неа легнувате, а од неа не заспивате.

Но Обама ја балансираше загриженоста со оптимистичка перспектива што беше дел и од неговата кампања. Проблемот не е толку голем, не е толку длабок а да не може да биде решен.

Последиците од рецесијата е вистински и е насекаде. Но додека нашата економија е заслабена и довербата е потресена во овие несигурни времиња, јас сакам вечерва секој американец да знае дека "Ние ке ја обновиме, ке заздравиме и ќе бидеме посилни од боло кога"


Сепак, Претседателот призна дека работата ќе биде тешка и пред се скапа. Американското министерство за финансии веке потроши половина од 700 милијарди долари предвидени за помош на банките кои инвестирале во лоши заеми во изминатата деценија. Претседателот Обама потпиша стимулативен пакет од 787 милијарди долари и најави уште помош за здравството, за училишта и за надминување на она што неговиот претходник Џорџ Буш, го нарече зависност од нафтата. Обраќањето на Обама, беше до двата дома на Конгресот но и до американците. Тој смета дека со стимулативниот пакет ке се креираат 3,5 милиони работни места веке изгубени во изминатите 14 месеци.

Над 90 насто од нив ќе бидат во приватниот сектор. Тоа се работни места за обнова на патиштата и мостовите, за конструкција на турбини и соларни панели. Поради планот, учителите ќе продолжат да предаваат, лекарите да се грижат

Има разумни перспективи дека рецесијата ке заврши во 2009, а 2010 ќе биде година на обнова

за нашето здравје.

Еве што изјави и првиот човек на федреалните резерви Бен Барнанке.

Ако акциите на администрацијата, Конгресот и Федералните резерви се успешни како мерки за финансиска стабилност, според мене, има разумни перспективи дека рецесијата ке заврши во 2009, а 2010 ке биде година на обнова.




  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG