Во Македонија ноќна седница. Собранието им го одзема имунитетот на пратениците Џемаили Хисен и Хајрула Мисини по барање на судските власти. Хисен е еден од обвинетите во случајот на малтретирањето на градежните работници на АД „Маврово“, а Мисини пак за Липковска брана. Со одлуката за одобрување притвор се отвара можноста двајцата пратеници да бидат притворени во Истражниот затвор во Скопје. За оземање на имунитетот гласаа пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии, додека ДУИ беше против. Опозицијата ја обвини власта за драматизирање на ситуцијата поради закажување на седницата доцна навечер и запраша дали меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ има политички договор. Само пред два дена, според опозиционите пратеници, Претседателот Трајко Вељановски пред европските амбасадори се извинуваше за ваков начин на работа на Парламентот и побараа негова оставка. Пратениците Хисен и Мисини претходно на собраниска комисија изјавија дека нема да се повикуваат на пратеничкиот имунитет и ветија дека ќе се појавуваат на судските рочишта.
Опозицијата обвини за драматизирање на ситуацијата и побара од власта да го каже политичкиот договор
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете