Достапни линкови

Љубе Бошковски е ослободен, а Јохан Тарчуловски доби 12 години казна затвор


Судот во Хаг донесе ослободителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, додека Јохан Тарчуловски е осуден на 12 години затвор, во врска со случајот Љуботен од 2001-та година. Бошковски ќе може веднаш да се врати во Македонија, додека Тарчуловски останува во холандскиот затвор, се додека не биде одредено каде ќе ја отслужи казната во која е пресметано и времето што го помина во Шевенинген. Бошковски и Тарчуловски беа единствените обвинети македонски државјани пред Хашкиот трибунал за воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Нивното судење почна на 16 април лани, а заврши на 8 мај годинава. Во процесот беа сослушани вкупно 64 сведоци. Бошковски се товараше за командна одговорност, а Тарчуловски за лична одговорност за настаните во Љуботен во 2001-та година кога настрадаа седум жители од албанска националност, и беа уништени 14 куќи.
XS
SM
MD
LG