Достапни линкови

За сега нема најави за активности на државниот врв и партиите


Во македонскиот државен врв сеуште се средуваат впечатоците откако на самитот во Букурешт земјава не ја доби поканата за членство во НАТО. За денеска како што информираат извори од државниот врв, сеуште не се најавени средби со лидерите на политичките партии во државава. Ќе се почека на смирување на ситуацијата по негативниот резултат за земјава од самитот на НАТО, како и на исходот од утрешниот ручек во Загреб на кој се поканети претседателот Црвенковски и премиерот Груевски со американскиот претседател Џорџ Буш, по што ќе се разработува конкретно натамошната стратегија на земјава. Извори од државниот врв сепак велат по вчерашанта средба во Букурешт со американскиот претседател Буш земјава останува во процесот на преговори за спoрот со името со посредство на Метју Нимиц, во кои најверојатно Соединеите држави ќе имаат понагласен ангажман. Она што ќе треба да се види, посочуваат наши извори, е дали во разрешувањето на проблемот ќе се вклучат Кина и Русија кои веќе како што се јавуваше пројавија интерес како членки на Советот за безбедност на ОН. Инаку, грчкиот премиер Костас Караманлис веднаш по самитот на НАТО упати покана до македонските лидери за продолжување на разговорите за името. Во која насока македонскиот државен врв ќе се движи и можно ли е решение за името откако се покажа дека решавањето на овој спор со соседна Грција е клучно за нашите евроатлантски интеграции, извори од државниот врв велат дека постои компромис по прашањето за името што Македонија практично го покажа со прифаќањето на последниот предлог на Нимиц, но без задирање во националниот идентитет. Македонските лидери во првичните изјави по самитот изјавија дека Грција се ставила ,,ад акта„ во врска со времената спогодба од 1995 година и најавија потреба од редефинирање на државната стратегија:

Мислам дека некои работи во стратегијата на нашата земја ќе треба да се редефинираат не поместувајќи ги или менувајќи ги стратешките цели и определби но мислам дека имаме нова реалност после овој самит.“

„Една земја заради едно билатерално прашање го блокираше добивањето на покана за Македонија, кршејќи го договорот од 95 година ставајќи се и себе и нас и регионот во една многу непријатна ситуација.“

Изјавија претседателот Црвенковси и премиерот Груевски вчера во Букурешт. Во мегувреме денеска грчките медиуми пишуваат за период во кој Македонија навлегува во политичка криза, при што додаваат за голема веројатност од предвремени избори заради што велат, мора да се искористи новата ситуација и да почне нов круг преговори мегу двете страни.
XS
SM
MD
LG