Достапни линкови

Албанија и Хрватска прославуваат – нов процес на стабилност и економски просперитет на Балканот


По вчерашниот самит на НАТО на кој се донесоа одлуки за покани за Албанија и Хрватска, во Тирана и Загреб се слави. Се наведува дека е тоа почеток на нов процес на стабилност и економски просперитет. Во Србија чувство на несигурност и покрај тоа што НАТО реши да го зајакне нивото на соработка со Србија Босна и Херцеговина и Црна Гора, но и со Србија, поканувајќи ги да се префрлат од Партнерството за мир кон интензивиран дијалог.

По поканата за НАТО, Албанија очекува зголемување и на странските инвестиции, приближно како што тоа беше случај со Бугарија и Романија. Во Тирана овој настан се оценува како круна на 17-годишната транзиција. Албанскиот претседател Бамир Топи, оцени дека добиената покана за членство на Албанија во НАТО претставува најзначаен настан во историјата на албанскиот народ. Реализираните значајни економски и политички реформи се придонес на сите и ние сме подготвени да станеме значаен дел, како на регионален така и на глобален план, изјави Топи. Тој нагласи дека Албанија ќе даде поддршка за „интеграција на Косово, како и на Црна Гора и Босна и Херцеговина кои како и Србија добија покани за понтензивен дијалог со Алијансата. И за Хрватска поканата за Нато е голем настан, вели професорот на политички науки од Универзитетот во Загреб Бранко Картан.

„Поканата за НАТО значи дека Хрватска заврши дел од работа поврзана со реформите не само за НАТО туку и за Европската Унија. Тоа е нешто, кое не веднаш, но на долг пат сигурно, ке ја одведе хрватска кон економски развој и економска сигурност. И би сакал да нагласам дека тука доага до значење и огромната позитивна улога на Хрватска за безбедноста во регионот.“

Во дводневна посета на Загреб е и Американскиот претседател Џорџ Буш во придружба на државниот секретар Кондолиза Рајс и советникот за националната безбедност Стивен Хадли. Буш утре ќе одржи говор на плоштадот пред владината зграда во Загреб. Нато на балканските држави Босна, Црна Гора и Србија им понуди поинтензивен дијалог со Алијансата. Како тоа се доживува во соседна Србија. Светлана Лугар аналитачар на Центарот за стратегиски маркетинг од Белград.

„Пораките кои ги добиваме од нашите политичари околу НАТО се секогаш нејасни и конфузни. Тие никогаш не ни кажале што значи за Србија членство во НАТО или да се остане надвор од НАТО. Кога го споменуваат НАТО велат дека тоа значи само испраќање на нашите момчиња да се борат во некои далечни земји за непозната цел.. Ние никогаш не сме добиле чиста порака за тоа што е добро а што е лошо.“

Александар Радиќ воен аналитичар од Белград пак вака ги толкува вчерашните одлуки на НАТО на самитот во Букурешт

„Тоа што сега го имаме е накеков концепт на тивка изолација на Србија и тоа така ќе биде се додека ние немаме консолидација на политичките кругови внатре во Србија. Српската елита мора да реши што навистина сакаме. Мора да го почитуваме фактот дека сме опкружени со земји на НАТО. И мораме да седнеме и да разговараме со НАТО, бидејки конфликт со таа организација нема да не однесе никаде.“
XS
SM
MD
LG