Достапни линкови

Во владата не ги коментираат случувањата


Демократската партија на албанците ќе ја напуштат владината коалиција, ова го изјави лидерот на партијата Мендух Тачи по средбата со Америкаската амбасадорка во Македонија Џилијан Милованович. Како главна причина за ваквиот чекор тој ги наведе шесте барања доставени до премиерот Никола Груевски, кои не ги прифатил:

„Се забележува една несериозност во функционирањето на државните институции во овие важни, деликатни, историски моменти за Македонија.“

Тачи исто така додаде дека со своето однесување не создава државна криза пред самитот на НАТО во Букурешт.

„Отприлика фигуративно го вклучувам ,,црвениот семафор пред да се случи сообраќајна несреќа.“

Оваа изјава на лидерот на ДПА, Владата не сака да ја коментира. Според портпаролот Ивица Боцевски, Владата работи нормално и е фокусирана на реализација на нејзината програма.

„Владата нема да ги коментира изјавите кои што доаѓаат од различни политички партии во овој период. Владата функционира со полн капацитет.“

И лидерот на Демократската Унија на Албанците Али Ахмети се сретна со Американската амбасадорка во Македонија Милованович, која го информирала за ставовите на ДПА за напуштање на Владата. Ахмети изјави дека ДУИ не сака да влезе во ова Влада и дека ке поддржи предвремени избори само доколку се одржат по априлскиот самит на НАТО во Букурешт.

„Ситуацијата налага политичките сили во Македонија да постигнат политички и етнички консенузс со цел деблокирање на хаотичната ситуација и нејзино враќање во добар правец. До спроведувањето на предвремените избори бараме сите партии да ги координираат активностите за да не се пропушти историската шанса за влез во НАТО.“
XS
SM
MD
LG