Достапни линкови

Нездрава ситуација што води кон апатија


Опозицијата е во голема криза, разединета, не превзема иницијативи, а сето тоа не е добро за државата, бидејки државата подразбира освен власт и јака опозиција, оценуваат експертите кои додаваат дека токму оние што се надвор од власта треба да бидат коректор на владините чекори.

„Ваквата ситуација во општеството е нездрава и води кон создавање на апатија, на една неиницијативност и неопходно е што побрзо опозицијата да се обедини, да се среди, консолидира и да почне со давање предлози и иницијатива со која би можеле граѓаните да ја препознаат и да се определуваат,“

изјави саво Климовски професор на правниот факултет во Скопје.
Анкетите во последно време покажуваат низок рејтинг на опозициската СДСМ. Анкетата на Агенцијата за развој на Обединетите Нации покажува дека 27 проценти од граганите својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а за социјалдемократите само шест проценти. Ставот на СДСМ пак е дека според резултати на анкетата на Меѓународниот републикански институт е дека рејтингот расте што покажува дека новото раководство почнува да ја остварува целта градење на партијата како модерна европска партија. Некои од социјалдемократите признаваат дека партијата треба да зајакне по што ке следи зголемување на рејтингот и нејзино дејствување како коректор на власта

„Секогаш и секаде, слаба опозиција значи и слаба власт. Тоа значи дека нема контролен механизам и власта се заборава. Во 2002 година беше слична состојбата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и се надевам дека во наредниот период моите колеги и пријатели од СДСМ ќе најдат сили и ќе ја средат внатрешната состојба и ќе бидат стожер на опозицијата,“

изјави пратеникот на СДСМ Есад Рахич.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа што поддршката за нив е многу поголема е само дополнителна обврска. Притоа додаваат дека приоритет им е исполнување на превземените обврски, а не состојбата во опозицијата

„Токму затоа што не се злоупотребува позицијата ваков е и рејтингот и позицијата, што претставува дополнителна обврска,“

изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG