Достапни линкови

Дане Илиев, претседател на Врховниот суд. Судството е неажурно


По расправата за законот за судовите, констатиравте дека македонското судство и понтаму останува неажурно. Од друга страна, судниците никогаш не биле поактуелни во јавноста. Секојдневно има некој голем судски спор?

Констатацијата ви е точна. 2006 година извештаите за работа на судовите покажуваат дека работата на судовите е неажурна, со одреден број судови што успеваат да го совладаат тековниот прилив. Но, тоа не значи дека судовите не се важни. Преку нив се извршува судската власт, се врши примена на судовите, заштита на човековите слободи и права, оттула, интересот и ангажираноста на судовите продолжлува и понатаму. Судовите ја вршат уставната функција. И тоа покажува дека судовите по судија завршиле поголем број работа по судија, но приливот на предмети и голем и не дозволува да влеземе во ажурно работење на судовите.

Останавте мета за критики од ЕУ како една од најнереформираните области. Каде ја лоцирате вината?

Има повеќе причини. Пред се, тука е прашањето на квалитетот на законските проекти. Ние во многу од законите укажувавме на решенија кои нема да бидат применливи или ќе бидат нејасни и нема да може доволно ефикасно да се спроведат во реформата и тоа ќе ја закочи реформата. Но, ние не сме законодавци, не носиме закони. За жал, во голем дел и во законот за судовите и во другите прописи не се прифати она што го предлагавме и сега се соочуваме со тешкотии во нивната примена, со статусот на судиите, одбрана на судсвото од влијанија, платите на судиите, унапредувањата, сето тоа остана недефинирано. И тука реформите се закочија.

Дали со сите овие недостатоци што ги споменавте, судството е подготвено за враќање на Хашките случаи?

Моето мислење, ако барате личности, или поединци, судството во Македонија има такви судии. Но, прашањето не е во судиите, туку во способноста на Република Македонија да ги прифати тие случаи, и да биде во состојба да спроведе фер, законски и објективни судења, во непристрасни судови. Тоа е малку пошироко од она што претходно ви одговорив.

Дека политичкиот притисок е проблем за судиите, констатиравте и самите. Може ли да конкретизирате, за каков вид на притисок се работи?

Формите на притисок се разни. Па, дури некогаш се изразуваат и преку законските решенија. Тука е положбата на судската власт, уште нерасчистената способност да се прифати дека судската власт мора да биде независна, да се створат услови за таа да се оствари, затоа што правдата е јавен интерес и сите во едно општество, мора да создаваат услови правдата да биде спроведлива и јавна. Огромни се можностите на тој флуид, кој ние го нарекуваме политичко влијание.

Токму во контекст на политички притисок беа коментирани и пресудите на Красничи, ослободувањето на Бојку, може ли да се зборува за таков политички притисок?

Па, јас не би можел децидно да одговорам на прашањето затоа што немам податоци и информации. Но, изјавив веќе еднаш дека судските пресуди се коментираат и добро е да се коментираат со уважување, со почитување на компетентноста. Не е добро пресудите да ги коментираат политички партии, или политичари. Она што е стручна јавност, судските пресуди може да се коментираат и треба да се коментираат. Но, во секој коментар мора да се приоѓа со уважување на компетентноста.
XS
SM
MD
LG