Достапни линкови

Нестрпливоста на решението за косовскиот статус може да предизвика уште еден конфликт на Балканот


Косово, следната југословенска војна. Под овој наслов американскиот Стратфор објавува коментар по повод завчерашните протести на албанците пред седиштетото на УНМИК во Приштина. Нестрпливоста илустрирана со овој протест може да предизвика уште еден кофликт на Балканот откако Обединетите нации ќе му ја гарантираат независноста на Косово.

По НАТО поддршката во 1999-та година за да го обезбеди нивното привремено разделување од Србија, косовските албанци се во постојано чекање на целосна и официјална независност од Белград. Конечната одлука на Обединетите нации со која скоро сигурно ќе се препорача некоја верзија на независност за Косово е одлагана со цел да не се нападнат чувствата на србите кои на Косово гледаат како на родно место на нивниот национален идентитет. На 21 јануари во Србија ќе бидат одржани парламентарни избори во кои сегашната релативно прозападна владина коалиција, по се изгледа, ќе биде победена од српските радикали. Обединетите нации се надеваат дека ако одлуката за Косово се одложи за почетокот на идната година, тогаш србите би избрале некои други, а не и радикалите. Како и да е, чекањето не е нешто кое косоварите особено го ценат и протестите како оние од двесет и осми овој мецес по се изгледа дека ќе се повторуваат и тоа често се додека Обединетите Нации конечно не го пресечат косовскиот јазол. И тогаш работите ќе станат интерсени, и можеби крвави. Од тој момент србите, по губењето на контролата врз Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора ќе го загубат и Косово со што нивното национално понижување ќе биде комплетно. Во тој момент србите најверојатно ќе имаат влада на чело со партија која и самиот Милошевиќ ја сметаше за премногу фанатична и на чиј лидер сега му се суди за воени злосторства во Хаг. Вооружени со државен апарат ќе биде радикално за радикалите ако не преземат радикални чекори за да ги компензираат овие порази, се наведува во коментарот на Стратфор. Оваа агенција за стратегиски истражувања од Тексас наведува дека Белград не мора да ја користи локалната полиција за да ја спроведе својата волја на Косово. Кога пред седум години Србија реши да ја преземе контролата врз провинцијата таа ја испрати војската, наведува Стратфор, додавајќи: И покрај тоа што европските и американските сили се присутни на косово и во Босна, тие се само сенка од она што беа пред неколку години и едвај ќе можат да помогнат во полициските акции и да им се спротивстват на порешителните српски акции. Сега кога повеќето од западните сили се заробени во Авганистан и Ирак се поставува прашањето: Дали НАТО и или Соединетите Држави ќе можат да се справат со потенцијалните скоро истовремени српски акции во Босна, Црна Гора и на Косово? заклучува Стратфор.
XS
SM
MD
LG