Достапни линкови

Причините се транзицијата и присуството на нелегално оружје


За една седмица во Скопје имаше два случаи во кои беше користено огнено оружје. Во првиот, во населбата Чаир загина едно лице, откако во него пукаше соседот поради паркинг место, во вториот е рането момче поради расправија за девојка. Според социологот Илија Ацевски, причината зошто кај нас многу лесно и често се посега по оружје е долгиот период на транзиција кој како што вели ги уништил последните атоми на толеранцијата:

„Секоја навреда во било која ситуација, разрешувањето на конфликтот се случува и на насилнички и груб начин. Во нормална средина никој не би помислил на тоа. Ако продолжиме и натаму, тоа само ќе ескалира,“

објаснува Ацевски и додава дека состојбата е психолошка и тешка да се контролира, но сепак државата може да стори нешто:

„Излезот е поголемо вработување, заживување на граѓанското општество.“

Глејдаќи од друг аспект, како граѓаните воопшто стигнуваат до оружјето, претседателот на националната асоцијација за оружје Владимир Пандовски објаснува дека тоа е последица на конфлктите во регионот и Македонија:

„Оружјето кога е во рацете на граѓаните се употребува за криминални активности. Главниот проблем во Република Македонија е големиот број нелегално оружје. Проблемот во претходната акција на собирање на оружјето, која не беше многу успешна е затоа што граѓаните не беа под психолошка пресија дека МВР ќе врши упади во нивните домови.“
XS
SM
MD
LG