Собраниската расправа за предложениот изборен законик трае веќе неколку дена. Составот на избирачките одбори е главниот спорен момент што предизвика жестоки реакции кај опозициските партии. Незадоволството е најголемо кај ВМРО-Народна, која бара во избирачките органи да има и претставници на нивната партија. Предложениот изборен законик опфаќа и измени и дополнувања на кривичниот закон со кој се предвидени зголемени казни за изборните нерегуларности, како и измени на законот за државни служеници кои предвидуваат и санкции од видот губење на работното место. За ваквите казни, професорот на Правниот факултет Светозар Шкарич вели
„Овие санкции, губење на работното место или престаник на работниот однос, за државните службеници, нотарите и адвокатите може да се покажат многу поефикасни и од самите кривични санкции, затоа што постапката трае долго време за кривичните санкции и нив ги изрекуваат судовите, иако и тие не треба да се занемарат.“
Донесувањето на добар изборен законик е еден од најважните предуслови за спроведување на фер избори кои се посебно значајни за евроинтегративниот процес на земјата, порачуваат од меѓународната заедница.
„Да се спроведат фер избори не е некоја наука која бара посебни вештини, но бара чесност и верба во иднината на земјата и нејзиниот демократски процес,“
истакна амбасадорот на Европската Унија во земјава, Ерван Фуере
Својата поддршка во спроведувањето на фер и демократски избори ја понудија и Американската амбасада во Скопје, од кадешто најавија програми за едукација на гласачите и обука за политичките партии.
„Македонскиот народ не треба да ги толерира оние индивидуи,политички лидери или актери кои се подготвени да ја искористат македонската иднина за своја лична или политичка игра,“
изјави американската амбасадорка во земјата Џилиен Миловановиќ.
Засега, не се знае кога ќе заврши расправата за изборниот законик. Нејзиното одолговлекување го пролонгира и терминот на изборите кој според најавите, треба да се случи пред годишните одмори.