Достапни линкови

Република Србија го финансира Јован Вранишковски


До МПЦ пристигна документ од што недвосмислено се потврдува инволвираноста на Владата на Република Србија во случајот Вранишковски и сведочи за нивната соработка и за дејствување на српската пропаганда во Република Македонија против МПЦ, изјави портпаролот на МПЦ Тимотеј денеска презентирајќи документ, кој според него претставува потврда дека расчинетиот владика Вранишковски примал месечна апанажа од српската влада. Во овој, што пристигна во МПЦ деновиве, со решение донесено во јануари 2006 година, министерството за вера на Република Србија преку врањската епархија исплаќала околу 6 илјади евра на т.н. православна Охридска Архиепископија за месец јануари. Од ова јасно се гледа кој го плаќа Вранишковски и неговите, чии пари трошат и чија работа извршуваат, рече тој. Освен што ја прозвна српската влада, тој ја повика и македонската влада да ги испита сите злоупотреби, дрски мешања, влијанија и начини на инволвирање на српската држава во поредокот и стабилноста на Република Македонија и побара да се откријат сите канали на внесување на туѓо државни средства за дејствување против Република Македонија и МПЦ.

Во меѓувреме портпаролот на владата Сашо Чолаковски за сега одби да ги коментира наводите на МПЦ изјавувајќи дека црквата и државата се одвоени. Во меѓувреме, вчера поглаварот на МПЦ господин господин Стефан имаше и работен ручек со премиерот Бучковски и претседателот Црвенковски на кој им биле соопштени доказите што ги има МПЦ. Инаку, овие информации не ги коментираат ниту сите членови на Синодот на МПЦ, така владиката Петар изутринава рече дека нема сознанија за аргументите што се посочуваат.
XS
SM
MD
LG