Околу 3 илјади приврзаници на опозициониот лидер Александар Милинкиевич и главен ривал на актуелниот претседател, одржаа пред-изборен собир во Минск под силно полициско обезбедување. Милинкиевич најави дека во Белорусија доаѓа слободата.
„Драги пријатели, ве уверувам дека слободата, правдата и вистината доаѓаат во Белорусија. Ќе го избориме правото да живееме како луѓе.“
Актуелниот претседател Лукашенко, кој се бори за трет мандат, оцени дека власта е изложена на проокации од страна на опозицијата.
„Оваа изборна кампања ги чини нашите безбедносни сили многу нерви и здравје. Тензиите се огромни, но владините претставници добија јасна задача од мене, - да останат мирни до 19-ти март, кога луѓето ќе решат.“
Лукашенко најави и дека нема да дозволи така-наречените обоени револуции да се случат и во Белорусија. Во меѓувреме, претставници на ОБСЕ оценија дека во Белорусија расте притисокот врз невладините организации, опозиционите политичари и граѓанските групи. Американскиот претставник Брус Конук изјави дека властите продуцираат криза со цел да ја оправдаат репресијата. ОДИХР соопшти дека има сериозни нарушувања во изборната кампања, а портпаролот на Европската Комисија, Кристина Наѓи ги повика белоруските власти да им овозможат исти права на сите претседателски кандидати.
„Ние сме подготвени да примениме санкции против одговорните доколку изборите не бидат демократски.“