Достапни линкови

Нивото на океаните се покачува побрзо од предвидувањата


Во новото истражување чии резултати се објавени во журналот Сајанс, се посочуваат докази кои покажуваат дека нивото на океаните се покачува побрзо од она што се предвидуваше претходно. Тоа посебно откако била откриена брзината на топењето на глечерите на Гренланд. Ако ваквиот тренд продолжи, животот на бреговите, онаков каков што го знаеме, е во опасност, а Европа би можело да се соочи со постудено време.

Научниците го истражуваат мразот на Гренланд бидејќи тој е многу подложен на температуните промени. Но, мерењето на нешто толку големо не и така лесно. Ричард Ели, климатски експерт од Соединетите Држави неодамна откри дека еден од двата најбрзи глечера се движи побрзо отколку пред дваесетина години.

„Јакобсхаван Ајсбре е голем глечер. Тој е прекрасен и во осумдесетите години беше еден од најбрзите глечери на планетата. А, од тогаш досега овој глечер ја има удвоено својата брзина.“

Слично е и со глечерот кој е на спротивната страна на Гренланд. Брзината на глечерите не е важна само за научниците. Гевин Шмид, климатолог во НАСА објаснува дека тоа може да предизвика подигање на морското ниво што потоа ќе се одрзаи врз животот на растенијата, животните и луѓето во крајбрежните подрачја.

„Загриженоста со Гренланд, секако е во тоа што последен пат Планетава била толку загреана уште пред сто дваесет и пет илјади години. Две третини од Гренланд е под глечери и доколку тие се стопат тогаш нивото на морињата ќе се покачи за скоро четири метри. А знаеме колку големи градови се наоѓаат на нивните брегови.“

Вели Шмид, додавајќи дека освен тоа ќе дојде и до промена на времето на Планетата. Имено, според некои компјутерски модели, со топењето на глечерите ќе се намали салитетот на морињата кој пак е од голема важност за движењето на морските струи што пак не дозволуваат мрзнење на Северен Атлантик. Сепак, најновото истражување покажало дека некои вакви модели биле преувеличени.

„Тоа е една од тие работи кои повеќето од нас не очекува да ни се случат. Но ако ми ставите пиштол на главата и ми побарате да го гарантирам тоа, јас тоа не можам да го сторам.“

Вели Ричард Ели, еден од оние што ја подготвија најновата студија за движењето на глечерите на Гренланд.
XS
SM
MD
LG