Македонија има дефинитивна европска перспектива и вие сте многу блиску до интеграција и прием во НАТО. Тоа во мојата книга значи успешна приказна, оцени Рок Косирник од тимот за одбранбени реформи во НАТО.
„2005 година за Македонија беше значајна година. Правната рамка на Охридскиот рамковен договор беше спроведена, и значаен прогрес беше постигнат во други области. Македонија напредува и прогресот во многу области се значајни.“
изјави Косирник додавајќи дека има уште многу работи кои треба да се завршат особено во економијата, јавната администрација, борбата против организираниот криминал и подобрување на ефикасноста на судскиот систем.
Косирник ги пофали и реформите во областа на одбраната кои се предвидени со стратешкиот одбранбен преглед, изразувајќи надеж дека Македонија успешно ќе ја заврши трансформацијата до 2007 година.
Националниот координатор за НАТО, Шпреса Јусуфи истакна дека главен приоритет на земјава е интеграција во НАТО.
„Не само теоретски туку и во практиката владата ја покажува својата обврска во спроведување на реформите во сите значајни облсати со цел да ги достигне стандардите за интеграција на земјата во НАТО Алијансата, изјави Јусуфи.
Од министерството за одбрана информираа дека во 2005 година ги постигнале предвидените планови“
„Целосно ја имплементиравме планираната програма за минатата година, а наш главен предизвик за оваа година е целосно опремување на нашите декларирани сили, имплементација на логистичкиот концепт и разрешувањето на статусот на воената болница и военото образование,“
рече Никола Петрески, државен сектретар во министерството за одбрана.