Достапни линкови

Треба ли да им се дозволува на терористите да се обраќаат преку медиумите?


Дали слободата на говорот во медиумите во светските демократии се користи од терористичките организации. Некои сметаат дека треба да запре известувањето од зверствата со што терористите ќе бидат поразени бидејки без гласност не можат да опстојат. Други пак сметаат дека слободата на говорот е толку важна што не може да се пренабрегне дури и во борбата против тероризмот.

Некои велат дека медиумите не треба да известуваат од секој самоубиствен бомбашки напад, од заложнички кризи и да не ги пренесуваат изјавите, соопштенијата на лидерите на терористите. Тие велат дека токму тоа им помага на терористите да го добијат посакуваниот публицитет. Професорот Пол Вилкинсон од Центарот за студии на тероризмот и политичкото насилство на универзитетот Сент Ендрју во Шкотска е поборник на спротивното.

„За демократиите да се обидат да ги запрат меиумите да известуваат за политичкото насилство или теропрзмот, според мене, е голема грешка. Ако медимите тоа го прават фактографски и објективно, тогаш тие ќе предизвикаат дискусија и ќе се помогне да се развие критика дебата, која би ја подобрила политиката во иднина. Во тоа се состоји големата предност да се имаат слободни медиуми.“

Професор Вилкинсон се согласува дека терористите бараат публицитет, но вели дека и јавноста има права да биде објективно информирана за главниот меѓународен развој. Според едно истражување на Европскиот Журнал за социјална психологија 16 проценти од испитаниците се готови да преговараат со терористи откако ги виделе сликите на киднапираните на телевизија. Вилкинсон вели дека сепак повеќето медиуми ги одбегнуваат страшните сцени и дека е тоа коректен начин за справување со такви ситуации. Но некои други експерти наведуваат дека линијата е тенка. Али реза Ноурзадех директор на арапско иранскиот студиски центар од Лондон.

„Јас не можам да разберам зошто некои американски и европски ТВ мрежи толку многу им придаваат значење на изјавите и пораките на Осама Бин Ладен. На Ал Џезаира на пример деноноќно ја пуштаа изјавата на вториот човек на Ал Каеда Ал Завахири. Што сакаат да постигнат. На крајот на краиштата тоа е изјава на терорист на кој не му гајле за смрта на илјадници луѓе на 11 септември во Америка или во Авганистан или Ирак.“

Гланото, според поранешниот уредник на Тајмс Лорд Лес Мог, е што медиумите треба да се однесуваат одговорно, а за јавноста е сепак најважно да биде правилно информирана.
XS
SM
MD
LG