Ова е документарен филм за Косово и за состојбите во регионов. Што научивте снимајќи го филмот, што е за вас Балканот?
Мислам дека станав свесен, повеќе од порано. Од надвор вие знаете дека работите се комплексни, но кога сте овде гледате колку навистина се е комплицирано и колку детали ќе треба да се решат. Никој не знае дали Косово ќе стане држава или не, но ако размислите колку луѓе треба да се задоволат и како малите нешта можат да имаат толку силно влијание врз животот на луѓето, навистина е комплицирано. Лесно е од надвор некогаш да помислите зошто Балканците не го решат овој хаос, но штом ќе дојдете овде гледате дека воопшто не е лесно тоа да се направи. Мислам дека за никого не би било лесно.
На секое прашање што го поставува филмот изгледа дека има секогаш повеќе од два одговора. Како да откриеме каде е вистината?
Мислам дека не може да знаете кој ја кажува вистината. Особено не сега, зашто сите ги кријат вистинските намери, бидејќИ не сакаат да дадат насока се додека не почнат преговорите. Се е како играње шах. ЗначИ сега, особено сега е многу тешко да се дознае. Јас не се обидов да дознаам кој е во право а кој не. Јас се обидов да направам филм во кој тој што ќе гледа ќе биде заинтересиран барем да чуе што има да каже спротивната страна. А од друга страна, сакав да покажам дека и на двете страни има крајно радикални и помалку радикални луѓе. ЗначИ алтернативата не мора да биде спротивната страна, туку можете да изберете и меѓу двете варијанти на луѓе од вашата страна, кои имаат различни ставови.
Можно ли е во филмот да се идентификуваме со другата страна.
Не знам. Тоа е многу тешко да се каже. Можам да замислам дека ако во конфликтот братот ви бил убиен или сте биле ранет, тогаш мора да помине многу време за да се опоравите од тоа. Но понекаш луѓето од надвор можат да ви помогнат. Тие ќе ви речат- Да, страдаше многу, но можеби треба да погледнеш и од друг агол, па тоа можеби тоа ќе спречи повторување на трагедиите.
Може ли филмот да има влијание врз преговорите за идниот статус на Косово?
Пред половина година ќе речев не. Бидејќи моето искуство во правење филмови во Западна Европа покажало дека треба да се бориш за да се емитува тој филм на телевизија, треба да се бориш дури И за да ги натераш луѓето да збуруваат за тоа. Едвај се обрнува внимание на филмовите. Но, кога го завршивме филмот овде, видовме дека привлече огромно внимание. Значи, можеби состојбата е различна овде. Не знам. Од друга страна политичарите, луѓето од меѓународната заедница веќе имаат агенда која е скаменета. Не верувам дека документарецов ќе ги предомисли. Но можеби гласачите ќе си речат: Ааа оној политичар ми остави ваков впечаток во филмот. Но, тоа би бил долг процесс, а јас додека го правев филмот мислев дека ако можам да постигнам макар еден мал сомнеж за она што луѓето го мислат, тогаш тоа е добар почеток.