Достапни линкови

Предлогот ќе придонесе за полесна интеграција


Од државните институции во земјава засега без одговор дали идејата на Европската унија за формирање на слободна економска зона Западен Балкан е прифатлива за Македонија. Аналитичарите едногласни тоа е добро за земјите, а вакви и слични иницијативи треба да доагаат и од нив, а не само од институциите на Унијата.
Предлогот и неговата евентуална реализација ке придонесат за полесно интегрирање во европските структури воопшто, а не само економско

„Ќе придонесат за урамнотежување на развојот на сите балкански земји. Има големи денес разлики во развојот. Заедничкиот пазар и отворената економија е во интерес на сите.“

изјави професорот Димитар Мирчев, претседател на Европското дрвижење. За значењето на формирање на слободна економска зона во рамки на Западен Балкан, Борко Ханџиски советник во мисијата на Европската унија во земјава вели:

„Самата идеја е позитивна затоа што ќе ги замени огромниот број на билатерални договори за слободна трговија меѓу овие замји. Ова значително ќе ја олесни трговијата и размената меѓу овие земји и ќе помогне за подобра соработка.“

Стопанствениците во земјава со резерва

„Јас малку верувам кога се договараат повеќе земји. Мислам дека договарањето ќе биде комплицирано.“

изјави Владимир Тодорович претседател на трговската комора при Сојузот на Стопански комори во Македонија.

Аналитичарите сметаат дека идејата за слободна економска зона потекнува од позитивните ефекти на договорот за слободна трговија на земјите од Централна Европа, ЦЕФТА.

Македонија и Хрватска како земји кандидати за членство во Европската унија од една страна може да пристапат и кон оваа организација и централно европските држави, но бидејки другите земји од Западен Балкан не се во можност да го сторат тоа, даден е предлогот за зона на овој регион.
XS
SM
MD
LG