На почетокот од годинава, царината за повеќе видови типови на производи од Европската Унија кои се увезуваат во земјава, се намалени. Намалувањето на царинските давачки е предвидено за производите од дрвната индустрија, кондиторските приозводи, одредени видови прехрамбени производи, најголемо намалување на царината за 12% ќе има и кај сите видови на алкохолни пијалоци, а пониска царина е предвидена и за техниката. Падот на царинските стапки изнесува 9,5% во споредба со 10,5 посто колку што изнесуваше минатата 2005-та година, информираат од Царинската управа на Македонија. Од ваквите пониски царински стапки, корист ќе имаат граѓаните, но предупредуваат домашните економски експерти ова ќе биде сериозен удар за македонското производство.
„Што ќе значи ова?! На пример ќе се увезува мебел со помала царинска стапка, додека мебел се произведува и во Македонија. Меѓутоа ако царинските давачки, за суровините и репроматеријалите за тој производител во Македонија не се намалени, во старт се јавува нелојална конкуренција и неможност на нашите македонски фирми да конкурираат на тој пазар.“
вели Марјан Николов од Центарот за економски анализи. Притисокот од сивата економија, а сега дополнително и намалувањето на царинските стапки за производите од ЕУ, ќе се одразат на домашното производство, кое и онака не е заштитено, вели Зоре Темелковски македонски стопанственик:
„Сметам дека ќе биде уште еден бран, кој што ќе придонесе македонските стопанственици брзо се преориентираат и застанат на овој бран на удар како домашни производители.“
Но, Темелковски додава дека во новите правила ќе има и одредени позитивности. Од една страна ќе се подобри квалитетот на домашните производи, а од друга страна ќе се запират и нелегалните профити:
„Како производител сметам дека не е важно дали царинската стапка ќе се намали како готов производ, туку е важно производите кои доаѓаат од Европа да подлежат на целосна контрола за европски квалитет.“
Намалените царински стапки важат и за одредени земјоделски производи од ЕУ, домашна гранка која и онака се соочува со хронични проблеми. Во оваа насока Перо Стојкоски од Здружението на земјоделци потенцира:
„Затоа што како никогаш досега не сме биле посиромашни како земјоделци“
Намалувањето на царинските стапки е согласно договорот со Светската трговска организација, а овој тренд ќе продолжи и во наредните пет години.