Аман, Багдад, Бали, Бејрут, Лондон, Налчик, Шарм ел Шеик, се само некои од местата во кои имаше големи терористички напади во две илјади и петта година. Од Американскиот Национален Мемориал Институт за превенција на тероризмот велат дека од јануари до ноември имало повеќе од три илјади и седумстотини терористички акти во светот. Тоа е за пеесет проценти повеќе од истиот период во две илјади и четвртата година.
Вака беше на седми јули во Лондон кога четворица бомбаши самоубици го потресоа градскиот транспортен систем. Пеесет и шест луѓе загинаа, а повеќе од седумстотини беа повредени. Лондон го доживеа најсмртоносното бомбардирање од Втората Светска Војна. Западот пак почна да страхува од лимитираните можности за спречување на ваквите напади, особено врз таканаречените меки цели како што е јавниот сообраќај. Фактот што тројца од бомбардерите беа млади муслимани родени во Британија само ги зголеми страхувањата од натамошни напади изведени од домашни терористи. Роберт Ејерс, експерт во Четам Хаус во Лондон вели дека во војната против тероризмот беа постигнати некои успеси во елиминирањето на лидерите на терористичките келии. Но, проблемот е во тоа што тие брзо се прегрупираат.
„Она што јас би го нарекол тактичка војна против теророт, односно потрагата по водачите, тука изгледа дека е постигнат извесен успех. Но, тоа никогаш не ги решава проблемот, бидејќи веднаш местото на отстранетите водачи го пополнуваат нови. “
Ејерс додава проблемот е и во тоа што муслиманските заедници во многу западни земји се чувствуваат изолирани. Како пример го посочува насилството што неколку недели ги тресеше предградијата во Франција каде што живеат муслимани. Сиромаштијата, невработеноста и дискриминацијата придонесуваат за регрутирање млади муслимани како терористи.
„Значи ние не вршиме многу добра работа за нивна интеграција, а со тоа не ги ни коригираме нагласените причини за појавата на вакви радикални движења.“
Вели Ејерс. Британскиот премиер Тони Блер неколку дена по лондонските напади вети дека борбата против тероризмот нема да доведе до дискриминација на муслиманите или пак да ги наруши централните вредности на британската демократија.
„Обединети сме во решеноста нашата земја да не биде поразена од ваков терор, туку да го победиме и од овој хорор да излеземе со нашите вредности, со нашиот начин на живот, со нашата толеранција и со почитувањето на другите.“
Но, тензиите меѓу муслиманите и немуслиманите растат. Британската влада предложи нова антитерористичка легислатива со која се ограничуваат граѓанските слободи, вклучувајќи ја и слободата на говорот. Дали тоа ќе придонесе во справувањето со терористите?
„Нема ништо поопасно за демократијата од наоѓање добра причина. Ние сега најдовме добра причина, а тоа е војната против тероризмот. И што гледаме, особено во Соединетите Држави. Тренд кон милитаризирање и нарушување на граѓанските права. “
Наведува експертот Роберт Ејерс. Од друга страна генерал Џон Абизајд, шеф на американската централна команда во вели дека терористичките групи ги користат слабостите на отворените општетства.
„Тие имаат развиено медиумска и пропагандна кампања за регрутирање. Тие развија безбедни зони кои не се географски ами виртуелни. Тие имаат компании, купуваат политичари. Се финасираат преку криминални зделки и формираат невладини организации преку кои ја шират својата идеологија. “
Вели генерал Абизајд. Но, дали оганот се гасне со оган? Дали насилството се решава со тортура? А токму овие прашања ја обиколија Европа по извештаите за тајни американски затвори во некои источноевропски земји каде што со тајни летови биле пренесувани и сослушувани осомничени лица за тероризам. И додека се кршат копјата за тоа колку борбата против теророт е оправдување за кршење на човековите права. А во нив главно жртви се невини цивили.